Свет
Сопственикот на „Славија“ невин како англиска кралица
Кирил Кочовски, доминантен сопственик на АД „Славија“ од пред три дена е во притвор
Кирил Кочовски, доминантен сопственик на АД „Славија“ од пред три дена е во притвор
„Не сум виновен и не сум ја злоупотребил службената положба. Јас како директор во ‘Славија’ немав никакво влијание врз донесување на одлуките. Во претпријатието имав само формална улога и немав овластување да одлучувам, бев нешто слично како англиската кралица. За сите работи одлучуваше Управниот одбор“. Ова вчера го изјави обвинетиот Кирил Кочевски, доминантен сопственик на „Славија“, кој пред три дена беше уапсен и притворен под сомнение за злоупотреба со приватизацијата на претпријатието. За случајот, покрај Кочовски, се товарат и Жаклина Павловска, Мирко Петрески, Гордана Ѓорѓиевска и Новица Стефановиќ, сите обвинети за злоупотреба.
Ова е првпат сите обвинети да седнат на обвинителната клупа, процесот почна во отсуство на Кочовски и Павловска. Тие деновиве беа притворени и вчера првпат седнаа на обвинителната клупа.
Повеќе од педесетина поранешни вработени во „Славија“ вчера се собраа пред Основниот суд Скопје 1 и протестираа. Со пароли и викотници бараа правда и отштета за неисплатените плати. Првообвинетиот Кочовски вчера повеќе од три часа зборуваше за својата улога во фирмата. Тој вели дека за сите одлуки одговорен е Управниот одбор на „Славија“. Претседателка на Управниот одбор во тоа време била обвинетата Ѓоргиевска.
На едно од минатите судења, што ги води судијката Вангелица Маркудова, беше одлучено адвокатот Слободан Теодосиевски, застапник на поранешните вработени во АД „Славија“, да биде исклучен од постапката оти во случајот за спорната приватизација како оштетена страна е државата, а не вработените.
Според обвинението, Кочовски како в.д. директор на АД „Славија“ од 2000 до 2002 година незаконски си прибавил 97.612.997 денари, а другите обвинети му помогнале. Петрески, како стечаен управник на фирмата „Европромет“, чиј сопственик, а претходно и управител, бил Кочевски, преку адвокат поднел две тужби против АД „Славија“ за наплата на непостоечки долг од 6.372.750 денари со камата од денот на наводно настанатиот долг. Во обвинението се вели дека претседателката на УО на „Славија“, Ѓорѓиевска, по наредба на Кочевски потпишала два записника за срамнување на должничко-доверителскиот однос на „Славија“ и „Европромет“. Со нив невистинито било констатирано дека „Славија“ на „Европромет“ му должи 15. 296.857 денари за складирана, а неиспорачана трговска стока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји-членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе кои се најдобри во професијата судии, пренесува Ројтерс.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.