Свет
Обама е попопуларен од својата политика
Претседателот на САД, Барак Обама се смета за “миленик” на поголемиот дел од своите обожаватели, кои сепак се резервирани кон неговата политика, според новата објавена анкета, 20 месеци пред претседателските избори во 2012 година.
Претседателот на САД, Барак Обама се смета за “миленик” на поголемиот дел од своите обожаватели, кои сепак се резервирани кон неговата политика, според новата објавена анкета, 20 месеци пред претседателските избори во 2012 година.Според анкетата на Универзитетот Квинпик, 74 отсто од американските гласачи ја ценат личноста на Обама, но доверба во него имаат само 46% од испитаниците. Тоа е пад за 2 поени во однос на претходната анкета, објавена во јануари. Само 45 отсто од учесниците во анкетата сметаат дека Обама заслужува втор четиригодишен мандат на чело на земјата, а на 58 отсто не им се допаѓаат начинот на кој тој го решава проблемот со дефицитот во федералниот буџет.”Претседателот Барак Обама е шармер. Американците го сакаат многу, но политиката не ги воодушеви толку”, рече Питер Браун, заменик директор на Институтот за социологија на Универзитетот. “Прашањето во следните две години ќе биде дали неговата личност или политиката ќе имаат големо значење”, додаде Браун. Многумина аналитичари велат дека судбината на Обама во 2012 година ќе зависи од економијата и вработувањето, кои бавно се заздравуваат од најтешката рецесија која ја зафати Америка од 30-те години на минатиот век. /крај/бг/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

