Македонија
Утре ќе се отвори Меморијалниот центар на холокаустот

Денеска во 15 часот, во рамки на неколкудневната Манифестација во знак на сеќавање на сограѓаните Евреи од Скопје, жртви на холокаустот, пред Музејот на град Скопје ќе бидат пречекани урните од Битола и од Штип што ќе бидат изложени во просториите на Музејот, заедно со скопската урна.
Денеска во 15 часот, во рамки на неколкудневната Манифестација во знак на сеќавање на сограѓаните Евреи од Скопје, жртви на холокаустот, пред Музејот на град Скопје ќе бидат пречекани урните од Битола и од Штип што ќе бидат изложени во просториите на Музејот, заедно со скопската урна. Вечерва од 19 до 21 часот ќе се одржи Комеморација проследена со комеморативен концерт на македонската филхармонија во Македонската опера и балет.Сите три урни утре со гардиска придружба ќе бидат предадени на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, кои се очекува да пристигнат во 10 часот, кога со почесна стрелба и палење на вечен оган ќе биде отворен Меморијалниот центар.Денеска и утре ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците во близина на Меморијалниот центар на Холокаустот.Поради одржување на Комеморијалната академија во сеќавање на холокаустот, од 17 часот во Македонската опера и балет ќе се пропуштаат само возила на познати личности, а откако ќе се пополни подземниот паркинг, гостите ќе паркираат на крајната десна сообраќајна лента на улиците Стив Наумов.Утре на овие улици нема да биде дозволено движење и паркирање на возилата. Во периодот од 9 часот и 30 минути до 12 часот, кога ќе се одржува централната свеченост во Меморијалниот центар, сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот Гоце Делчев и по улицата Лазар Личеноски, како и по надвозникот што ги поврзува овие две сообраќајници. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.