Свет
Адвокатот на Асанж подготвува доброволна средба со британската полиција
Марк Стивенс, адвокатот на основачот на интернет страницата Wikileaks, Џулијан Асанж организира „доброволна средба“ на неговиот клиент со британската полиција, која во понеделникот навечер ја доби европската потерница за негово апсење, јави BBCСудот во Стокхолм во ноември го одобри барањето на обвинителството да го приведе 39-годишниот Австралиец, кој е обвинет во Шведска за силување и сексуално малтретирање, а од 20-ти ноември Интерпол (на барање од канцеларијата на шведскиот обвинител) дистрибуираше до сите 188 земји членки на организацијата ткн. „црвена потерница“ со името на Асанж , што е еднакво на негово влегување на листата на најбарани лица. „Доцна попладне по завршувањето на работното време добив повик од полицијата која ми соопшти дека добила барање за израчување на Шведска“, изјавил адвокатот на Асанж, Марк Стивенс за BBC.„Тие бараат разговор со Џулиан Асанж. Тој не е обвинет за ништо. Во постапка сме правење услови за договорен состанок со полицијата за да ги олесниме потребните барања и одговори“, додал Стивенс.„Сега ние ќе подготвиме доброволна средба со полицијата со цел да одговори на неопходните прашања“, рекол Стивенс.Тој истакнал дека Асанж се одбрани пред шведските власти и дека против него нема да се подигне никакво обвинение.Стивенс не прецизираше кога точно може да се случи таквата средба. Според британските закони, откако полицијата ќе ја дознае точната локација на Асанж, и ќе му достави покана, тој ќе биде обврзан да се појави во судот во рок од 24 часа.Претходно, Стивенс и шведски адвокат на Асанж, Бјорн Хуртинг изјавија дека ќе го оспорат барањето за екстрадиција на Шведска во случај на негово апсење.Европскиот налог беше прифатен од страна на британската Агенција за борба против организираниот криминал (Serious Organised Crime Agency) а потоа ќе биде препратен до Скотланд Јард, затоа што Асанж се наоѓа во Лондон.Денеска Асанж првпат беше жестоко критикуван од британските власти по објавувањето на листата на инфраструктура, објекти и компании во целиот свет коишто САД ги сметаат од стратешка важност за американската национална безбедност. Особено, за тоа што во објавените тајни дипломатски дописи се наведени телекомуникациски линии, нафтоводи и рафинерии во Велика Британија, кои, според американски дипломати, се важни во смисла на безбедноста на САД.Британската влада и министерството за надворешни работи изјавија дека објавувањето на овие документи може да биде од интерес и од полза на терористите. Шефот на британското министерство за внатрешни работи Тереза Меј, истовремено соопшти дека сите безбедносни служби ќе почнат веднаш со проверка на внатрешната безбедност на објектите, инфраструктурата и субјектите кои се наведуваат во објавените документи на WikiLeaks. /крај/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Не треба повеќе да имаме избори; Белата куќа: Се шегува
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил сериозен кога пред неколку дена изјавил дека можеби воопшто не треба да има избори за Конгресот. Портпаролката на Трамп, Каролин Ливит, изјави дека претседателот всушност сакал да биде хумористичен со изјавата, а не да го доведе во прашање одржувањето на изборите.
„Претседателот се шегуваше“, рече Ливит, одговарајќи на прашања од новинарите. Таа додаде дека Трамп зборувал во контекст на пофалба на работата на неговата администрација, сугерирајќи дека тие „работат толку добра работа“ што, во таа смисла, треба само да продолжат.
Изјавата на Трамп доаѓа од получасовно интервју што го даде за „Ројтерс“ во Овалната соба на Белата куќа завчера. Зборувајќи за среднорочните избори, Трамп изрази фрустрација од историскиот модел во кој партијата на власт често губи места во Конгресот.
„Кога ќе победите на претседателските избори, не ги добивате среднорочните избори“, рече Трамп, а потоа додаде дека неговата администрација направила толку многу што, рече тој, „кога ќе размислите за тоа, воопшто не треба да имаме избори“.
Изјавата предизвика загриженост и критики бидејќи уставот на САД предвидува одржување избори за Конгресот на секои две години, без можност за претседателска одлука за нивно откажување.
фото/Depositphotos
Свет
Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“
Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја исмеа иницијативата, додека тензиите меѓу Европа и САД растат поради намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да го окупира арктичкиот остров.
„Гренланд. Се прашувам зошто. Патување?“, рече тој денес во Рим. „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“, рече Кросето за европската мисија.
Оваа недела, некои европски земји испратија мал број воени лица во Гренланд, покажувајќи солидарност со Данска, што италијанскиот министер за одбрана рече дека не го разбира.
Трамп сака да го преземе Гренланд затоа што вели дека го смета за клучен за безбедноста на САД поради неговата стратешка локација и големите минерални резерви.
Тој не ја исклучи ниту употребата на сила за негово заземање.
фото/Depositphotos
Свет
Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд.
„Можам да ставам царини на земјите ако не се согласат за Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса во Белата куќа за руралното здравје.
Трамп постојано изјавува дека САД апсолутно мора да го преземат Гренланд, со што дополнително ќе го зголемат притисокот врз Данска, на која формално ѝ припаѓа островот.
Неговата изјава доаѓа по состанокот во Белата куќа во средата, на кој присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс.
Истиот ден, Врховниот суд на САД објави дека очекува во вторник да донесе долгоочекувана одлука за легалноста на царините на Трамп. Прашањето е дали претседателот може сам да воведе царини или за тоа е потребно одобрение од Конгресот.
Трамп зборуваше на состанок кој формално беше посветен на инвестиции во руралните средини, но за време на говорот, како што е неговиот обичај, тој се осврна и на други политички теми.
фото/Depositphotos

