Контакт

Општество

Министерот Адеми во посета на Факултетот за исламски науки

Објавено пред

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, го посети во петокот Факултетот за исламски науки, при што оставри средба со поглаварот на Исламската верска заедница реисот Реџепи и раководството на факултетот.

dobivaj vesti na viber

„Го посетивме Факултетот за исламски науки, кој овие денови доби акредитација за наставните програми, а исто времено доби и финансиска помош од министерството за образование и наука во висина од шеесет и пет илјади евра“, рече Адеми.

Овој факултет, напомена министерот, учествува во создавањето теолози, кои подоцна се вклучуваат во образовониот процес во Република Македонија, како и во верското училиште кое е под надлежност на Исламската верска заедница.

„Факултетот за исламски науки е основан од страна на Исламската верска заедница, но во текот на неговото работење, тој ќе се раководи и по два закона, Законот за високото образование и Законот за верските заедници“, додаде Адеми.

Поглаварот на ИВЗ, реисот Реџепи,заблагодарувајќи се на финансиската помош од министерството за образование и наука, напомена дека оваа високообразовна институција ќе продуцира кадри кои ќе даваат автентична интерпретација на исламот, и истите ќе бидат вклучени во работата на ИВЗ и образовните институции./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 часа

Повторно насилство во „Идризово“: затвореник со тешки повреди заврши во болница

Нов случај на насилство помеѓу затвореници е забележан вчера во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Од полицијата велат дека се работи...

Македонија9 часа

Eвропскиот фронт предводен од ДУИ со декларација ќе се жали до меѓународната заедница

Европскиот фронт преводен од ДУИ денеска во Тетово усвои декларација која ја нарече политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува...

Топ12 часа

Детали за убиството во Боговиње: Во кафеаната во која бил застрелан мажот имало и други лица, се сослушуваат сведоци

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње. Од тука велат дека бил извршен...

Македонија13 часа

(Видео) Стоилковски за Хирургија: Демири и Манолева да одговорат дали за 120.000 евра сиот здравстен систем е колабиран

Министерот Демири и заменик министерката Манолева да одговорат дали се работи за 120.000 евра санација за цела Хирургија и дали...

Македонија13 часа

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Грчкоит премиер, Киријакос Мицотакис, очекува мандатарот за премиер на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа....

Спорт13 часа

Дарио Ивановски победник на 8. Издание на “Охрид трчат“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што...

Свет15 часа

(Видео) Седум повредени лица се извлечени од урнатините на зградата во Истанбул

Трикатна зграда се урна во истанбулскиот кварт Кучукчекмез, а спасувачките тимови досега извлекле седум повредени од урнатините, јави денеска „Анадолија“....

Свет16 часа

(Видео) Се’ уште се трага по тројцата млади луѓе во Италија кои ги однесе реката додека стоеа прегрнати, најдена чантата на една од девојките

И втората ноќ од потрагата заврши без резултати во Премариакo, Италија, каде реката Натисон во петокот однесе тројца млади луѓе:...

Свет16 часа

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Адвокатите на кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, изјавија за „Би-Би-Си“ дека ништо нема да се промени во неговата...

Македонија16 часа

Седум лица под истрага за улична продажба на дрога во Скопје

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица осомничени за дејствија на Неовластено производство и пуштање во...

Свет17 часа

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Разговорите за постигнување глобален договор за подобра борба против пандемијата ќе бидат завршени до 2025 година или порано ако е...

Свет17 часа

(Видео) Кинеската сонда слета на темната страна на Месечината

Сондата лансирана од Кина на почетокот на мај слета на далечната страна на Месечината за да собере примероци. Сондата Chang’e...

Спорт23 часа

Ѓоковиќ и Мусети играа до три сабајле – Светскиот број 1 победи во пет сета

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа спектакуларен меч во третото коло на Ролан Гарос. Мечот траеше четири часа и 29...

Македонија1 ден

Според Села мал е бројот на ресори што ќе ги добие „Влен“, му одговорија дека е губитник, а иднината на албанскиот народ е сигурна

Алијансата на Албанците преводена од Зијадин Села, влезе во вербална расправија за бројот на ресори со кои ќе раководат Албанците...

Македонија1 ден

Бугарските медиуми: Фондација од Бугарија купи две-третини од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп

Две третини од родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп купила приватна бугарска фондација „Манол Пејков и пријателите“. Ова...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат...

Македонија1 ден

(Видео) Мечка со мали мечиња излезе на патот во Маврово

На социјалните мрежи се појави видео од мечка со мали мечиња кои излегле на асфалтот во Маврово. Мечката се обидува...

Топ2 дена

Почина скопски таксист: возејќи патник на „Словенечка“ доживеал срцев удар

Таксист во Скопје почина од срцев удар. Се работи за 62-годишен скопјанец со иницијали Ќ.В., кому му се слошило на...

Свет2 дена

„Долга и тешка ноќ“ – Зеленски се огласи по рускиот напад, Полска го коментираше подигањето на авионите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по масовниот воздушен напад утринава од страна на руската армија врз енергетската инфраструктура на Украина,...

Македонија2 дена

Започна полагањето на државната матура

Со тест по мајчин јазик, вкупно 14.834 ученици го започнаа полагањето на државната матура во учебната 2023-2024 година. По овој...