Македонија
Санкционирана „Поштел брокер“
Забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во рок од 30 дена на брокерската куќа „Поштел брокер“ и изрече комисијата за хартии од вреднос
Забрана за вршење на сите услуги со хартии од вредност во рок од 30 дена на брокерската куќа „Поштел брокер“ и изрече комисијата за хартии од вредности (КХВ) .
Утврдено дека за некои налози кои не биле реализирани, а биле внесени во Бест системот имало услови за реализација, но брокерската куќа ги менувала истите со што оневозможувала нивна реализација, се вели во соопштението на КХВ.
Истовремено, забрана од 30 работни дена заработи и овластен брокер од ”Поштел Брокер”, бидејќи при обидот за реализација на еден од налозите се впуштил во наддавање со што ја надминал цената, дадена во налогот од клиентот.
КХВ изрече и јавна опомена на Македонската берза АД Скопје и на директорот поради ненавремено доставување на побарана документација при редовна годишна контрола на работењето на берзата.
Врз база на одлуката на Собранието на акционери на Друштвото за управување со фондови ”МП Инвест” АД Скопје, за престанок со работа и спроведување на постапка за ликвидација, КХВ му го одзема одобрението за работа на ”МП Инвест”. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

