Свет
Британка го уби својот аутистичен син

Британката Ивон Френи која е обвинета за смртта на својот син им кажала на полицајците како сега никој „нема да покажува со прст на нејзиниот син“.
Британката Ивон Френи која е обвинета за смртта на својот син им кажала на полицајците како сега никој „нема да покажува со прст на нејзиниот син“.
Четирисет и осумгодишната Френи била пронајдена во хотелска соба како на раце го држи својот мртов единаесет годишен син Глен кој бил болен од аутизам.
Според првичните информации, Френи со синот била два дена во хотелот.
На суд раскажала дека била лута бидејќи сите покажувале со прст на него.
Шокираното семејство момчето Глен го опишало како прекрасно, среќно момче на кое биле особено горди поради неговите достигнувања и покрај болеста./крај/дм/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Првиот коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа се согласи на директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.
„Нема смисла убиствата да продолжат. И ќе го чекам Путин во Турција во четврток. Лично. Се надевам дека овој пат Русите нема да бараат изговори“, напиша Зеленски, кој повторно спомена дека чека „целосен и траен прекин на огнот“ што почнува денес.
Украинскиот претседател ја даде оваа изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ѝ порача на Украина „веднаш да се согласи“ на разговори бидејќи по нив Западот „барем ќе знае каде стои“, иако самиот изјави дека „почнува да се сомнева“ дека е можен договор со Путин.
„Општо земено, ние сме посветени на сериозна потрага по начини за постигнување долгорочно мирно решение“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Моментално нема потврда дека Путин ќе се појави на разговорите во четврток, но Песков потсети дека Путин „во изјавата во која ги сумираше резултатите од прославата во чест на 80-годишнината од Победата и бројните средби со странски колеги, јасно и недвосмислено го искажа ставот на Москва за продолжување на директните преговори со Киев без никакви предуслови“, анализираат светските медиуми.
„Овој пристап наиде на разбирање и поддршка од лидерите на многу земји, вклучително и партнерите во ЗНД и БРИКС“, додаде Песков.
Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, го повикал Киев веднаш и без никакви услови да учествува на предложениот состанок.
Турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, исто така, ја потврди својата подготвеност да стори сè за да организира преговори во телефонски разговор со Путин, додаде Песков.
Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Свет
Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД

Кина го поддржува 30-дневното примирје предложено од Украина, Европа и од САД, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти: „Ги поддржуваме сите напори што придонесуваат за мир и се надеваме дека релевантните страни ќе продолжат да го решаваат проблемот преку дијалог и преговори“ повикувајќи на обврзувачки мировен договор што ќе биде прифатлив за сите страни.