Свет
Преглед на печат / Свет

„Њујорк Тајмс“ (САД)
„Синот на Гадафи предупредува на граѓанска војна“, весникот го пренесува телевизискиот говорот на синот на либискиот претседател, дека на земјата богата со нафта и се заканува граѓанска војна и ги обвини Западните „колонизатори“ дека тие сакаат да го соборат 40-годишното владеење на неговиот татко. Сеиф ал-Ислам ел-Гадафи, неколку пати во својот говор повтори дека Либија не е Тунис или Египет. „Гардијан“ (Велика Британија)
„Востанието се шири во Триполи и другите градови“, прави осврт на настаните во Либија каде насилствата ескалираат. Кога во 1999 година Либија се согласи да екстрадира двајца свои државјани осомничени за експлозијата на патнички авион над Локерби во Шкотска и кога во 2003 година соопшти дека ja прекинува програмата за развој на оружје за масовно уништување, светот ова го поздрави со образложение дека една земја може да ја промени својата политика. Меѓутоа откако силите за безбедност убија 200 Либијци во последните четири дена се чини дека„ новиот“ полковник Гадафи воопшто не се сменил. Весникот забележува дека во земја во која човечкиот живот не вреди многу, двете страни влегле во борба на живот и смрт. „Чајна дејли“ (Кина)
„Кинески панди заминаа во Јапонија“, пишува дека пар џиновски панди го напушти својот дом во провинцијата Сечуан и според договорот за заедничко истражување на ретки видови заминале на 10-годишен престој во Јапонија. Двете панди се на возраст од пет години и тие ќе бидат сместени во зоолошката градина Уено во Токио. „Москва Тајмс “ (Русија)
„Изборите тест за економската и политичка стабилност“, весникот ја пренесува изјавата на министерот за финансии и вицепремиер на Русија, Алексеј Кудрин, „фер и чесни“ избори ќе ги постават темелите на напредок, и ќе ја намалат зависноста на земјата од извозот на гориво. Говорот на Кудрин на економскиот форум во Краснојарск од страна на инвеститорите се коментира како многу храбар потег. Доколку владата не обезбеди фер избори нема да дојдат пари од инвеститорите, рече заменик-премиерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сијарто: Не нè интересира Москва, за Украина нема место во ЕУ

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека ставот на неговата земја не е диктиран од Москва, туку произлегува од интересите на унгарските граѓани. Тој се повика на референдум, според кој мнозинството гласачи се изјасниле против украинското членство поради загриженост за земјоделството, пазарот на труд и безбедноста.
Изјавата дојде по средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Зеленски претходно порача дека е „чудно“ кога дури и Владимир Путин не се противи на европските интеграции на Киев, а тоа го прави Унгарија.
Сијарто возврати дека унгарската политика се креира внатрешно, а не по диктат на надворешни сили.
„Нè интересираат само нашите граѓани, а не ставовите од Москва“, рече тој.
На ова реагираше украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, кој оцени дека приклучувањето на Украина не претставува закана за Унгарија. Тој потсети дека унгарските земјоделци активно купуваат украинска пченица, а унгарските компании и пред војната вработувале украински работници за да го пополнат недостигот од кадар.
„Наместо препукувања преку социјалните мрежи, потребна е суштинска дискусија и прагматичен пристап. Верувам дека можеме да најдеме решенија во интерес на двата народа“, порача Сибиха.
Иако сите 27 земји-членки на ЕУ формално дале зелено светло за отворање на преговорите, Унгарија и понатаму го блокира процесот. Минатата година, Будимпешта ѝ достави на Украина листа со 11 барања поврзани со правата на малцинствата, но дел од разговорите биле стопирани поради скандал со наводна шпионажа.
Во меѓувреме, Литванија предложи преговорите да започнат технички со поддршка од 26 земји, а правно да се финализираат кога Унгарија ќе се согласи.
Свет
Хрват со два ножа нападнал полицајци во Германија, тие го застрелале

Германската полиција застрела и сериозно рани 25-годишен Хрват во Сасенберг откако наводно нападнал полицајци со два ножа, соопштија канцеларијата на јавниот обвинител и полицијата, објави Билд.
И покрај повторените предупредувања од полицијата и барањата да го спушти оружјето, напаѓачот одбил да го запре нападот. Потоа полицијата го застрелала сторителот во горниот дел од телото. Тој се здобил со сериозни, но не опасни по живот, повреди и бил однесен во болница.
Според истражителите, инцидентот бил расправија меѓу соседи, а инцидентот се случил во петокот околу 14:30 часот. Во еден момент, 25-годишниот маж наводно извадил два ножа, кои подоцна ги употребил за да им се закани на полицајците.
Хрватот, објавува германскиот весник, лесно повредил 39-годишен маж и уште еден сосед (50) со оружјето, пред да избега.
Кога службите за итни случаи го фатиле во близина кратко потоа, ситуацијата ескалирала.
Свет
Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу 700.000 руски војници.
Поголемиот дел од руските војници се концентрирани во регионот Донецк, што укажува на главниот приоритет на Кремљ, изјави претставникот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Јусов.
Тој истакна дека овој број не ги вклучува само редовните војници, туку и силите за поддршка, специјалните служби и Руската национална гарда.
Претставникот на ГУР нагласи дека севернокорејските војници кои учествуваат во украинскиот конфликт се борат само на руска територија.
Фактот дека Северна Кореја ги испратила своите војници да се борат против Украина стана познат минатата есен, а потоа се зборуваше за бројот на војници кои достигнале дури 12.000, објавуваа дел од украинските медиуми.
Оваа пролет, јужнокорејските разузнавачки служби објавија дека нова група од 3.000 војници ја напуштила Северна Кореја и отишла во Русија.
Според британските разузнавачки служби, од март оваа година, севернокорејските трупи претрпеле повеќе од 5.000 жртви во битките против украинските вооружени сили во Курската област на Руската Федерација.