Македонија
Македонија се прилагодува кон Копенхашкиот запис

Консензус и заедничко гледиште за потребните акции кои што треба да се превземат на државно ниво за што поскоро прилагодување кон Копенхашкиот запис (Copenhagen Accord), се очекува да биде усвоен во Македонија.
Консензус и заедничко гледиште за потребните акции кои што треба да се превземат на државно ниво за што поскоро прилагодување кон Копенхашкиот запис (Copenhagen Accord), се очекува да биде усвоен во Македонија.
Ова беше истакнато на денешниот состанок на Националниот комитет за климатски промени, прв по Самитот на државите членки на Рамковната конвенција за климатски промени, одржан во декември во Копенхаген.
Министерот за животна средина и просторно планирање Неџат Јакупи потсети дека во Копенхаген е усвоен необврзувачки запис, со кој сите држави се согласија да преземат акции за намалување на климатските промени
„Република Македонија како држава со кандидатски статус за членство во ЕУ има за цел да постигне значително намалување на емисиите на стакленички гасови преку интегрирање на мерките за намалување на емисиите во развојните патеки на националната економија“, изјави Јакупи.
Наташа Марковска претседател на Националниот комитет за климатски промени истакна дека Република Македонија се труди со својот пристап да биде лидер во регионот, имајќи предвид што досега има дефинирани мерки и сценарија за смалување на емисиите за стакленички гасови.
„Од она што треба да се направи во Македонија, приоритет има секторот енергија затоа што нашите емисии се базираат главно од секторот производство на електрична енергија, преку огромно учество на домашниот ниско квалитетен јаглен“, рече Марковска.
Таа информираше дека одредени мерки треба да се преземат и во секторите индустриски трансформации, греење, отпад, транспорт и во земјоделството и шумарството. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски: Пожарот е злосторство против народот, скопјани не смеат да се гушат во чад и отров

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, реагираше по повод големиот пожар што избувна во Скопје, оценувајќи го како директна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина.
„Во овој момент сведочиме на ужас што не смее да се повтори – огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека од самиот почеток, заедно со колегите Бобан и Дејан, е на терен и дека се вложуваат максимални напори за ставање на пожарот под контрола.
„Ангажиравме општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во негово затрупување. Со нас се и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР. Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа,“ нагласи Ѓорѓиевски.
Тој го нарече настанот „злосторство против народот и луѓето на Скопје“ и порача дека „некој си игра со трпението и здравјето на граѓаните“.
„Упатувам апел до сите надлежни институции: постапете итно и безмилосно! Скопје и неговите граѓани не смеат да се гушат во чад и отров,“ рече кандидатот за градоначалник на Скопје.
Ѓорѓиевски додаде дека ќе останат на терен со граѓаните сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат.
Македонија
Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи и протест со почеток од 07:30 часот наутро, со блокада на мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба.
„Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ.
Ги повикуваме работодавците да бидат толерантни за работниците кои ќе задоцнат тој ден на работа“, се вели во известувањето на Движењето „Стоп за Вардариште“.
Македонија
Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој беше прашан дали огнот досега соодветно се гаснел со вода, пришто појасни дека дел од пожарот зафаќа дрвја, даски, пластика и друг запалив материјал. Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад, рече Ангелов, се изолира и ќе биде гаснет со песок. Најави и дека во секој момент ќе пристигне голема количина на песок.