Вести
Во напад врз конвој на индиски пратеници 23 убиени

Група од околу 300 маоистички востаници убила најмалку 23 лица и ранила повеќе десетици во напад врз конвој на локални пратеници од владејачката Конгресна партија од Њу Делхи, соопшти индиската полиција во неделата.
Оваа најсмртоносна заседа во последните три години, била поставена во шумскиот предел Џагдалпура, околу 375 километри јужно до Раипур, административен центар на индиската сојузна држава Чантискар.
Бунтовниците активирале мина пред да отворат оган врз возилата кои во конвој превезувале локални пратеници, кои се враќале од политички собир во областа.
„Податоците зборуваат за 23 мртви. Можеме да потврдиме дека се повредени 32 лица, повеќето потешко“, изјавил за AFP директорот на државната полиција, офицерот Рамнивас.
Претходните податоци говореа за 17 загинати. Повеќето жртви се високи функционери на локалниот огранок на владејачката Конгресна партија.
Маоистичката групација во Индија се смета за најголема закана за националната безбедност на земјата. Маоистите во 2011 година извршиле 1.500 подметнување експлозивни направи и напади врз војници и цивили, при што загинале повеќе од 500 лица, соопшти кон крајот на минатата година министерството за внатрешни работи во Њу Делхи. За минатата 2012 година сѐ уште нема се објавени податоци.
Повеќето напади на маоистите се извршени во сојузните индиски држави Чатисгар, Џарканд, Махараштра, Бихар и Ориса.
Маоистите, кои во Индија се познати и под терминот наксалити, даваат отпор кон власта во неколку индиски држави повеќе од три децении, барајќи земјиште и работни места за сиромашните. Цел на нивните напади најчесто се припадници на полицијата, претставници на владата и богати стопанственици кои маоистите ги обвинуваат за експлоатација на сиромашното население.
Маоистите велат дека нивната цел е „ослободувањето на индиските сиромашни граѓани во руралните подрачја од угнетувањето на капиталистите“.
Бунтовниците се кријат во шумите на истокот, северот и во централна Индија, каде што извршуваат и напади врз села кои според нив одбиваат „да ја поддржат нивната борба“.
Многу од оддалечените области на земјата се под контрола на милитантите. Индиската влада вели дека маоистите се една од главните закани за националната безбедност./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.