Македонија
Ивановски: ЕК не располага со вистински информации
Министерот за инфоматичко општество и јавна администрација Иво Ивановски изрази зачуденост од информациите изнесени од извештајот на ЕК во делот за ресорот што тој го води.
Министерот за инфоматичко општество и јавна администрација Иво Ивановски изрази зачуденост од информациите изнесени од извештајот на ЕК во делот за ресорот што тој го води.
Ивановски негираше дека се точни информациите во извештајот дека неговото министерство не соработува добро со Секретаријатот за евопски прашања (СЕП).
„Она што за нас е нејасно, од каде е таа информација дека немаме соработка со СЕП. Напротив и со претходниот вицепремиер, а сега и со новиот, имаме чести состаноци. Заедно сме во комитетот за реформи на јавната администрација, каде што ги дискутираме сите неиопходни политики за спроведување на реформта на администрацијата, вклучително и спроведување на рамковните договор. Имаме и комисии, имаме седници на влада, посебни состаноци со цел да се достават информации. Жалам и искрено незнам од каде е таа информација. Имаме добра координација и секако дека таа секогаш може да биде и подобра“, изјави Ивановски при посетата на ИТ-компанијата Сивус.
Тој исто така ја негираше и информацијата за бројот на вработувањата во јавната администрација.
„Во однос на процентот, повторно ситуацијата не е таква. Неколу пати во медиумие спомнавме дека регистарот за јавните службеници се пополнува и покрај тоа што како решение одамна е завршено. Останува на институциите да ги пополнат ЈС 1 и ЈС 2 обрасците. Знаеме дека е тоа обемна работа, особено за институции каде што има 3-500 лица. Очекуваме секој ден да се заврши регистерот“, рече Ивановски.
Министерот прецизираше дека бројот на вработенит ево јавната администрација во Македонија изнесува околу 115.000. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

