Македонија
Собраниска седница за границата со Косово
Владата ја прифати информацијата за склучување на Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Македонија и Косово
Владата на Република Македонија на седницата што се одржа доцна вечерта во петок, ја разгледа и ја прифати информацијата за склучување на Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Република Македонија и Република Косово, а исто така го разгледа и го прифати усогласениот текст на Договорот за физичка демаркација помеѓу Република Македонија и Република Косово.На истата седница, Владата го усвоила и Предлогот на закон за ратификација на Договорот за физичка демаркација на границата меѓу Република Македонија и Република Косово и истиот го достави до Собранието на Република Македонија.Воспоставувањето на дипломатски односи со Косово е прашање на часови, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети со евроамбасадорот Ерван Фуере во петок во Тетово.„Со ова му покажуваме на Брисел дека како држави од Западен Балкан сме зрели сами да ги решаваме проблемите“, изјави Ахмети.„Ако вчера беше прерано, денес веќе е дојдено времето да се воспостават дипломатските односи, ова може да се случи денес, може да се случи утре или ден потоа, или за 24 часа, не ме држете за збор. Постои многу добра клима меѓу двете држави, и ова е од корист на Македонија и Косово“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.Откако Договорот за демаркација на границата ќе биде ратификуван од двата парламента, преостанува уште двете држави да испратат амбасадори, а Македонија станува држава чии граници се демаркирани.Македонија го призна независно Косово на 9 октомври минатата година, а дипломатски односи не беа воспоставени, поради проблемот со одредувањето на границата. Опозицискиот СДСМ не се согласува со итното свикување собраниска седница на која ќе се одлучува за демаркацијата на граноцата со Косово, но ќе присуствува на седницата, како што соопшти – за да оневозможи одлука да се донесе зад грбот на народот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

