Контакт

Свет

Русија и Киргистан потпишаа договор за останување на руската војска

Објавено пред

Русија и Киргистан потпишаа во четвртокот повеќе договори, вклучувајќи ја и спогодбата за останување на руските воени бази на територијата на Киргистан, во рамките на посетата на рускиот претседателот Владимир Путин на оваа средноазиска земја.

dobivaj vesti na viber

Договорот за „статусот и условите на останувањето на руските воени бази во Киргистан“ ќе стапи на сила во 2017 година. Потпишан е на 15 години, со можно продолжување за уште пет години, а, исто така, со него се одредува и износот кој Русија ќе го плаќа за базите, но кој не се соопштува за јавноста.

Меѓу Москва и Бишкек претходно годинава се јавија несогласувања околу плаќањето на наемнината за четирите рускиот воени бази на територијата на Киргистан. Киргистанскиот министер за одбрана предупреди во јули дека Бишкек ќе бара повисока цена за наемнина на базите коишто останаа на територијата на неговата земја по распадот на некогашниот Советски сојуз.

Двете страни,исто така, потпишале и договор за решавање на киргистанскиот долг на Русија кој изнесува 489 милиони долари. Русија ќе му отпише на Киргистан заем до 189 милиони долари, додека другиот заем од 300 милиони долари ќе го отпишува следните десет години, почнувајќи од 2016 година./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Украинскиот министер за финансии: На земјата и недостасуваат пет милијарди долари за воени трошоци

Објавено пред

На државниот буџет на Украина му недостигаат 5 милијарди долари потребни за воени трошоци, изјави денеска министерот за финансии Сергеј Марченко во интервју за радио Хромадске.

dobivaj vesti na viber

Според него, откако САД го усвоија долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари, новите средства ги покриваат социјалните и хуманитарните трошоци на Украина.

„Во пракса, имаме голем фискален проблем, нерешеното прашање со воените трошоци“, тврди тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Раиси беше погребан во неговиот роден град Машхад во присуство на три милиони граѓани

Објавено пред

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше погребан денеска во светилиштето на Имам Реза во Машхад, најсветото место за шиитските муслимани во Иран.

dobivaj vesti na viber

Според градоначалникот Мохамадреза Каландар Шариф, околу три милиони луѓе присуствувале на погребот во родниот град на Раиси.

Авионот со телото на починатиот претседател Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, пристигна претходно денеска на аеродромот Хашеминеџад во Машхад.

Прикажи повеќе...

Европа

Децата од Британија прават најмалку физички вежби во Европа

Објавено пред

Истражувањето објавено од Светската здравствена организација (СЗО) покажало дека децата на возраст од 11, 13 и 15 години од Велика Британија прават најмалку физички вежби на дневна основа во споредба со децата од другите земји во Европа, централна Азија и Канада.

dobivaj vesti na viber

Околу 11 отсто од девојчињата и 16 отсто од момчињата во Англија го прават препорачаниот час физички тренинг дневно, пишува британски „Тајмс“.
Физичката активност, од умерена до енергична, вклучува работи како брзо одење, возење велосипед и возење ролери.

„Имаме голем јаз меѓу половите и големи социо-економски разлики. Две третини од 15-годишните момчиња во Велика Британија учествуваат во енергична физичка активност четири или повеќепати неделно, но само една третина од девојчињата“, рече координаторот на оваа меѓународна студија, Џо Инчли, од Универзитетот во Глазгов.

Таа изјавила дека посилните вежби, во кои срцето чука малку побргу, исчезнуваат од животот на младите.

„Порано, кога младите поминуваа многу време надвор, тој број ќе беше многу поголем. Сега гледаме дека многу опаѓа и мислам дека тоа е многу загрижувачки бидејќи може да има големо влијание врз здравјето и благосостојбата на младите“, рече Инчли.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, истакна дека редовната физичка активност, здравите навики во исхраната и одржувањето здрава телесна тежина се клучни делови од здравиот живот.

„Наодите од истражувањето укажуваат на потребата од насочени интервенции за да им се овозможи на адолесцентите да усвојат поздрави навики и да избегнуваат навики што влијаат не само на нивното сегашно здравје и благосостојба туку и на нивните идни траектории“, рече Клуге.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Таравари уште размислува дали ќе биде министер за здравство: „Можноста не е исклучена, но не е дефинитивна“

Арбен Таравари, еден од партнерите на коалицијата „Влен“, а кој моментно е градоначалник на општина Гостивар, сѐ уште не одлучил дали...

Македонија2 часа

Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Наке Георгиев

Кривичниот совет од одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапи по жалбата на одбраната...

Македонија2 часа

Одговорност од директорката и управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бара антикорупциската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе иницијатива до сите надлежни органи за утврдување одговорност на директорката, претседателот и членовите...

Македонија3 часа

Позитивен знак е желбата на претседателката за средба, Бугарија очекува промена на реториката и крај на јазикот на омразата, порача Радев

Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од обединета Европа, со тоа што ќе ги...

Македонија4 часа

„Ги знам јас сите, и обвинители и судии, се дружиме, пиеме кафе, на крајот ќе излезе дека ништо противзаконито не сум сторил“, рече Мемети

Денеска, дојдовме на покана на судијата во предистражна постапка и донесе решение за мерка за претпазливост, друго не би сакал...

Македонија5 часа

Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Знам

„Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно, ВМРО-ДПМНЕ, ‘Вреди’ и Знам“, напиша Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на...

Македонија6 часа

Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија7 часа

ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео-промени

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме повеќе гласови од СДС, имаат најмал број пратеници во Собранието и го имаат најслабиот резултат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ. СДС...

Свет8 часа

Кинеската армија го опколи Тајван, почнаа воените вежби: „Ова е казна за сепаратистичките потези“

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека почнала заеднички воени вежби во кои учествуваат армијата, морнарицата, воздушните сили...

Македонија8 часа

(Видео) Граѓаните на протест против деструкцијата на ,,Бехтел и Енка”, Левицата дава поддршка

Прилепчани и граѓани од цела Македонија десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини...

Свет8 часа

(Видео) Најмалку пет лица загинаа, а десетици се повредени во торнадо во Ајова: прогласена вонредна состојба

Пет лица загинаа, а 20-ина се повредени кога торнадо го погоди градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова. Одделот за...

Свет8 часа

Трамп во страв: Сакаат да ме убијат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека Министерството за правда (ДП) сакало да го убие и дека претседателот Џозеф Бајден...

Свет8 часа

(Видео) Се урна бина на изборен митинг во Мексико: има загинати и најмалку 50 повредени

Најмалку девет лица загинаа, а 50-ина се повредени кога се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти....

Македонија18 часа

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија23 часа

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија1 ден

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија1 ден

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет1 ден

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија1 ден

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...