Македонија
Питачењето причина за одземање деца во Битола
Ако до почетокот на минатиот месец, состојбата во Битола беше дека во последните десет години не постои случај на одземено родителско прво, само 30-ина дена подоцна статистиката е променета, одземени се четири деца од три семејства.
Ако до почетокот на минатиот месец, состојбата во Битола беше дека во последните десет години не постои случај на одземено родителско прво, само 30-ина дена подоцна статистиката е променета, одземени се четири деца од три семејства. Оваа официјална бројка на Министерствотот за труд и социјална политика, од каде што како основна причина за одземањето на родителското право го посочуваат питачењето и во еден -случај – новороденче затекнато во лоша здравствена состојба.Од министерството велат, дека посредништвото во питачење, е голем прекршок сторен од страна на родителите или старателите, бидејќи секое дете без исклучок заслужува топол дом, неограничен пристап до здравствени услуги, вклучување во образовниот процес, заштита на детските права согласно Националната регулатива и Конвенцијата за заштита на правата на децата, во спротивно родителското право им се одзема од страна на државата. Несовесноста на некои родители кои дозволуваат нивните деца да бидат на улица, ги натера локалните власти во Битола, во рамките на акцијата којашто се презема на државно ниво, да се погрижат за овие деца на улица. кои покрај тоа што питачат, се изложени и на други ризици, како на пример, малолетничката деликвенција. Низ земјава во таа насока се отвораат транзитни центри, како оној во Скопје, кои работат 24 часа, кои нудат целодневна грижа за децата од улица со цел сузбивање на оваа појава. Низ земјава се отворени и Дневни центри за деца на улица кои функционираат осум часа, но ефикасноста не е голема, бидејќи по истекот на работното време на Центарот, децата се враќаат на улица поради несовеноста на нивните родители.Според Министерствотот за труд и социјална политика, бројката од 13 деца кои го посетуваа ценатрот во Битола, во последната седмица се зголемела на 15. Кога зборуваме за питачењето и деца на улица станува збор за лицата од ромска националност и социјални случаеви, кои во Битола ги има 1.463.Неколкупати од битолските Роми имаше рекации дека од непознати причини првото на користење на социјална парична помош им е одземено, на што од Министерството за труд и социјална политика посочуваат дека најчестите причини за престанувањето на правото на социјална парична помош се: непријавувањето на остварените приходи од страната на носителот на правото на социјална парична помош, со што правото не може да се оствари во наредните 12 месеци и ненавремено потврдување на статусот од страна на носителот на правото за себе и членовите на неговото семејство, со што правото не може да се оствари во наредните шест месеци.Со истекот на законски предвидената казна и промена на фактичката состојба на семејството лицата може да поднесат барање за остварување на правото на социјална парична помош./крај/ом/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

