Македонија
А1:Економскиот промотор во САД, наместо за Македонија, работел за себе

Промоторот во Америка Филип Петков, основал сопствена компанија во исто време кога Владата го испратила во САД, јави денеска А1 телевизија, додавајќи дека од 2009 година Петков е сопственик на Друштвото за програмирање и консултантски услуги „ИТГМА“ Скопје
Промоторот во Америка Филип Петков, основал сопствена компанија во исто време кога Владата го испратила во САД, јави денеска А1 телевизија, додавајќи дека од 2009 година Петков е сопственик на Друштвото за програмирање и консултантски услуги „ИТГМА“ Скопје.
Според А1, за Виктор Мизо првиот човек на Агенцијата за странски инвестиции, нема ништо спорно – што Петков иако има дипломатски статус, плата од околу 2.000 евра, платен стан, државни бенефиции и сопствен бизнис во земјата од каде треба да ги носи странски инвеститори, но тој цела недела немаше време да застане пред камерите.
Во случајот на промотерот на Филип Петков, кој е основач на компанија во Македонија, бизнисот кој го води таа компанија, во која не е вклучен директно од оперативна гледна точка, а од друга страна тој бизнис воопшто не соработува, нити потпишал нити склучил некакви договори со американски компании“, изјави Виктор Мизо, директор на Агенција за странски инвестиции.
Веб-страницата на фирмата „ИТГМА“ е наменета за американските потрошувачи – нема превод на македонски. Бизнисот се шири и во Латинска Америка. И додека промоторите активно работат на сопствениот бизнис, во Македонија во последнава година немало посериозна инвестиција од САД.
Економските експерти тврдат дека секој претставник на државата, треба да го стави сопствениот бизнис во мирување, за да се избегне евентуалниот конфликт на интереси во двојната функција на македонските дипломати.
Од Антикорупциската комисија, за А1 телевизија, велат дека не можат да отворат случај – поради пропусти во законите, постапка може да се отвори само ако лицето е управител, но не и сопственик на фирма.
Државниот завод за ревизија веќе реагираше – дека власта не може да го оправда ангажирањето на економските промотори.
Според изворите на А1, 18 промотори за една година потрошиле повеќе од половина милион евра, а ревизорите не се уверија во ефектите од нивната работа. /крај/а1/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.