Македонија
Низ соработка против пограничниот криминал
Најдобрата борба против криминалот може да се оствари низ соработка и добра координација меѓу македонската и косовската полиција сметаат прлвите луѓе на македонската и косовската полиција, Јанкулоска и Реџепи
Македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска му доставила листа или список на сторители на тешки кривични дела за кои имало основано сомнение дека ја преминале државната граница кон Косово и се наоѓаат на нивна територија, на косовскиот министер, Бајрам Реџепи, кој се наоѓа во посета на Македонија.Ова следува се со цел да се лишат од слобода сторителите на ваквите кривични дела кои се бараат и со меѓународна потерница.По полициските акции во Блаце, Радуша и тетовско Желино двете министерства размениле информации и во однос на одредени лица од косовската страна кои можеби се поддршка или логистика на лицата вклучени во овие инциденти.
Косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи, истакна дека ја цени соработката меѓу девет министерства, која според него е во интерес на безбедноста не само на двете земји, туку и во целиот регион на Западен Балкан.„Мислам дека инцидентите во една од држава се рефлектираат и во другата држава. Не треба да мислиме дека овие криминалци се добредојдени и во Косово, туку спротивно. Тие имаат врски не само во Македонија и Косово, туку и во Србија и Црна Гора“, изјави Реџепи.Околу потеклото на оружјето кое пред неколку дена полицијата го заплени кај Радуша, Реџепи вели дека не располагаат со голем број на информации во врска со ова, но признава дека на Косово има големо количество на оружје од воениот период.
Според него, таа мрежа на транспорт на нелегално оружје е развиена и дека оружјето може да биде земено и од Србија и Црна Гора.„Не би сакал од ваша страна Косово да се оценува како извозник на оружје, туку спротивно на тоа“, додава Реџепи.Според анализите, Јанкуловска вели дека овие групи се со криминални мотиви.„Инцидентите од ваков тип секако дека креираат тензија кај граѓаните, но не претставуваат опасност од дестабилизација од поголем степен, ниту за Македонија ниту за регионот“ вели Јанкуловска.Министерката вели дека добиле информации за групата која беше приведена кај Качаник, за нивниот идентитет и мерките кои се преземани против нив. Косовските власти воделе правни постапки, се додека не завршеле овие информации не биле достапни за јавноста. Поканата до косовскиот министер за внатрешни работи доаѓа непосредно по инцидентите што се случија на македонско-косовската граница, каде беше запленето огромно количество оружје, кај Блаце, Радуша и синоќешната акција на полицијата во тетовско Желино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорге Иванов се обрати на Меѓународен симпозиум во британскиот Парламент
Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, учествуваше на Меѓународниот симпозиум за културна дипломатија во организација на Институтот за културна дипломатија и Шкотскиот форум. Настанот се одржа во Парламентот на Обединетото Кралство во периодот од 12-15 јануари 2026 година.
За време на посетата, претседателот Иванов оствари средба со Нус Гани, заменик-претседател (Deputy Speaker) на Долниот дом на Обединетото Кралство.
Иванов се обрати на сесијата „Културна дипломатија во современите меѓународни односи“ (Cultural Diplomacy in Contemporary International Relations), при што се осврна на историското значење на 1776 година како година на раѓање на политичката и економската слобода преку Декларацијата за независност и делото „Богатството на народите“ на Адам Смит. Тој истакна дека слободата не е трајно освоена придобивка, туку одговорност која бара постојана грижа, институционална доверба и активна вклученост на граѓаните. Економската слобода, нагласи Иванов, мора да биде праведна и одржлива, насочена кон подобрување на животот на луѓето, а не кон продлабочување на нееднаквостите. Во таа насока, тој посочи дека моралната и културната димензија на слободата се неопходни за зачувување на човечкото достоинство, при што културната дипломатија има незаменлива улога во градењето дијалог, доверба и меѓусебно разбирање во време на глобални поделби. Според него, токму преку културата, малите и средни држави како Република Македонија можат да ја засилат својата меѓународна видливост, да ја раскажат сопствената приказна и да обезбедат почит во меѓународната заедница.
Во рамките на форумот, Иванов учествуваше и на сесијата „Финансии, отпорност и лидерство во управувањето со современите економии“ (Finance, Resilience and Leadership in Governing Modern Economies).
На настанот учествуваа бројни истакнати меѓународни претставници и членови на двата дома на парламенот на Обединетот Кралство меѓу кои: Мигел Анхел Моратинос, заменик-генерален секретар на Обединетите нации и висок претставник на Алијансата на цивилизациите на ОН (UNAOC); Баронесата Манзила Удин, членка на Домот на лордовите на Обединетото Кралство; Ирина Бокова, поранешен генерален директор на УНЕСКО; Сенаторката Шери Рехман, поранешна министерка за климатски промени на Пакистан; Нихал Саад, директор на UNAOC; Ив Летерм, поранешен премиер на Белгија; Томас Хендрик Илвес, поранешен претседател на Естонија; Алфред Гузенбауер, поранешен канцелар на Австрија; Хасан Диаб, поранешен премиер на Либан; Мохамад Штаје, поранешен премиер на Палестина; Наталија Гаврилица, поранешна премиерка на Молдавија и Младен Иваниќ, поранешен претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина.
Македонија
„Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали“, велат од Левица
„Политиката на едностраното „Стратешкото партнерство“, интерпретирано преку вазалски однос кон САД, резултираше со нов шамар за слугите на империјата, реализиран преку запирање на постапката за имигрантски визи кон Македонија“, велат од Левица.
„Илузијата создавана пред граѓаните, за уживање на некаква поддршка кај т.н „стратешки партнер“, наиде на уште еден удар со суровата реалност. Најголем успех во надворешната политика на политичарите на власт, а и Владата во целост остана фотографиите од трибини или со политичари од шести ешалон на САД, кои немаат никакво влијание на односите помеѓу двете земји.
Потсетуваме дека на оваа одлука на американската администрација и претходеше воведувањето трговски маржи и царини за Македонија, по што во немоќ и коленичење, Владата на Мицкоски донесе одлука за целосно укинување на царините кон САД.
Отстапувањето од децениските позиции на државата, проследени со гласањето против укинувањето на санкциите кон Куба, поддршката на американските резолуции за Украина и поддршка на империјалистичките апетити и интервенции, како последната во Венецуела, само го руши угледот и ги загрозува позициите на Македонија во надворешната политика, без притоа да има апсолутно никаков импакт.
Мицкоски и Муцунски не можат да научат дека вазалскиот однос кон САД не е и не може да биде „стратешко партнерство“.
Ова уште еднаш докажа дека кусогледоста на власта и дипломатскиот аматеризам ја воведоа Македонија во стратешки ќор сокак. Алтернативи за развој на државата надвор од уздите на западниот неоимперијализам постојат. Но, за тоа е потребна промена на надворешно-политичкиот курс и отворање кон перспективите што ги нуди остатокот од светот, политика за која актуелната власт очигледно нема капацитети“, соопштуваат од Левица.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.

