Македонија
Преглед на печат / Македонија
„Дневник“ – Репортерската екипа на весникот заедно со самохраната мајка Зорица и нејзиниот постар син Петар, кој од утре е средношколец, отиде во шопинг на се што е потребно за еден ученик безгрижно да оди на училиште.
„Дневник“
Репортерската екипа на весникот заедно со самохраната мајка Зорица и нејзиниот постар син Петар, кој од утре е средношколец, отиде во шопинг на се што е потребно за еден ученик безгрижно да оди на училиште. Во текстот под наслов „Училишното ѕвонче го тресе семејниот буџет“ репортерот заклучува дека почетокот на учебната година е време кога семејството треба да штеди бидејќи покрај бесплатните учебници, трошоците значително го оптоваруваат семејниот буџет. „Нова Македонија“
Во текстот под наслов „Титулата проф. Д-р изчезнува од Илинденска“ весникот пишува дека се поретка станува оваа титулата во владините кабинети. Во сегашната влада академската заедница ја претставуваат само двајца нејзини членови, Теута Арифи како професорка и Фатмир Бесими како доктор на науки. Ова е најниска застапеност досега, иако и претходните влади на Никола Груевски не беа премногу академски. Од 180-те министри, премиери и вицепремиери во сите досегашни македонски влади, речиси една третина, биле со титула доктор на науки, вклучувајќи и неколкуте академици. „Утрински весник“
„`Ирена` ја потопи Ивана “ пишува за трагичната смрт на 20-годишната Штипјанка која е една од жртвите на ураганот Ајрин, кој викендот го опустоши источниот брег на САД. Ивана се удавила во автомобилот кој бил однесен од патот од силниот ветер и фрлен во реката Дирфилд. Трите момчиња кои биле со неа успеале да се извлечат од автомобилот и да ги совладаат силните води на реката. Семејството на Ивана во Штип е во шок, тие го очекуваат телото на Ивана да пристигне од САД. “Вечер“
„1.000 долари казна за Македонците во Албанија, ако веруваат дека се Македонци“ пишува дека десетина дена по декларацијата на малцинствата за одложување на пописот во Албанија, албанските власти се уште молчат. Албанските медиуми потсетуваат дека доколку некој се изрази поинаку од Албанец, а притоа нема потврда од матичната книга на родените ќе заработи казна од илјада долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

