Свет
Во Украина 14 заболени од колера
Бројот на заболени од колера во украинскиот град Мариупол на брегот на Азовско море продолжува да расте и утринава достигна до 14 заразени, јавуваат руските новински агенции, повикувајќи се на прес-службите на украинското Министерство за вонредни ситуации.
Бројот на заболени од колера во украинскиот град Мариупол на брегот на Азовско море продолжува да расте и утринава достигна до 14 заразени, јавуваат руските новински агенции, повикувајќи се на прес-службите на украинското Министерство за вонредни ситуации.Агенцијата Итар-Тас известува дека руската федерална инспекциска служба „Респотребнаџор“ вовела засилени контроли во железничкиот и воздушниот транспорт на украинските граѓани кои пристигнуваат во Русија.Санитарните служби внимателно следат дали граѓаните имаат треска или други симптоми кои укажуваат дека се работи за таа инфективна стомачна болест.Агенцијата РИА новости пренесува мислење на епидемиолозите дека пациентите се инфицирани првенствено од преработка на свежо уловени риби во нехигиенски места или при нивна консумација во прекршување на санитарно-хигиенски услови и технологиска подготовка. Поради тоа што сите случаи на заразени се поврзани за рибите, во Азовското море во областа на пристаништето е ограничен риболовот, а во Мариупол е забрането пливање, наведуваат украинските агенции./крај/блиц/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

