Македонија
Џонс ќе бара државен став за името
Помошникот на државниот секретар на САД, Стујарт Е. Џонс, на средбите со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски како централна тема ќе го отвори прашањето околу спорот за името помеѓу Македонија и Грција
Американскиот политичар ќе инсистира Црвенковски и Груевски што побрзо да ги услогласат позициите и да излезат со заеднички став за последниот пакет идеи на медијаторот Метју Нимиц, дознава forum.com.mk од нефицијални дипломатски извори.Помошник државниот секретар, наводно ќе му посочел на државниот врв дека имаат само уште десетина дена рок за да се дојде до заедничко прифатливо решение за името, а државата „да го фати последниот воз“ за членство во НАТО. Впрочем дека администрацивецот на американскиот претседател Џорџ Буш доаѓа со пораки за спорот со името покажува и неговата агенда да се сретне со сите страни кои се инволвирани во спорот, претседателот Црвенковски, премиерот Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. „На средбите ќе се разговара за состојбите на домашната и на меѓународната политичка сцена, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу САД и Република Македонија, регионалната стабилност и процесот на интегрирање на Република Македонија во евроатлантските структури“, пишува во официјалното соопштение на Американската амбасада. Насоките на Џонс одат и во насока на агендата на медијаторот Метју Нимиц според која државите треба да се изјасанат по неговиот последен предлог до крајот на неделава. Нимиц пред три недели во Њујорк предложи решение според кое Македонија треба да го прифати името Северна Македонија за широка меѓународна употреба, како и можност за одредени варијации за македонскиот идентитет и јазик. Државниот врв заедно со преговарачите Никола Димитров и Мартин Протуѓер двапати неуспешно ги услогасуваа своите ставови. Двете страни, Црвенковски и Груевски, не можат да се усогласат дали да се оди на целосно одбивање на предлогот, или пак да се дадат крупни забелешки. Остана тајна со какви позиции настапиле Груевски и Црвенковски на последната коориднативна средба во петокот. Наспроти македонската страна, шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, во интервју за грчкиот весник Та неа изјавила дека официјална Атина е стабилна во своите позиции во спорот за името и највила вето за Македонија во Европската Унија и НАТО се додека не се дојде до решение за проблемот. „Нашата политика во однос на Скопје има единствена цел, а тоа е решавање на спорот со името. Само кога ќе дојдеме до една спогодба, која ќе биде заемно прифатливо решение за името, ќе се согласам на членство на Скопје во Европската Унија и во НАТО“, децидна била Бакојани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Поддршката за новороденчињата зголемена од 7.000 на 10.000 денари, инвестираме во нова градинка во Центар
Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.
„Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски.
Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на општината.
Покрај директната финансиска поддршка, мерката овозможува и прецизна евиденција на бројот на новородени деца на годишно ниво, што претставува основа за следење на демографските движења во општината. Овие податоци се користат и за поефикасно планирање на капацитетите во детските градинки во Центар.
Дополнително, предвидени се капитални средства за изградба на нова детска градинка во близина на Клиничкиот центар, со капацитет за згрижување на околу 100 деца.
Во рамки на социјалните мерки, Општина Центар ја зголеми и еднократната парична помош за пензионерите со ниски примања, од 2.500 на 5.000 денари.
Истовремено, во тек се подготовки за изградба на дом за стари лица на територијата на Општина Центар.
Фото: Depositphotos
Македонија
Јошевска-Анастасовска и Кадри-Шахиновиќ дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет
Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ денеска, во Охридската сала на Собранието, дадoa свечена изјава како нови членови на Судскиот совет, пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.
Јошевска-Анастасовска е адвокатка од Скопје со повеќегодишно искуство од областа на Кривичното право.

Кадри-Шахиновиќ е универзитетска професорка со академска кариера на Факултетот за правни и политички науки при ФОН, како и на универзитетот МИТ.

Тие беа избрани на предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Предлозите на претседателката доаѓаат по усвојувањето на новиот Закон за Судски совет кон крајот на минатата година, кој ги заостри условите и процедурата за избор на членови на ова тело.
Судскиот совет брои 15 члена, од кои осум избираат активните судии, двајца се членови по функција (претседателот на Врховниот суд и министерот за правда – без право на глас), тројца избира Собранието, а двајца се избираат во Собранието по предлог на претседателот на државата. Се смета за клучен орган во судскиот систем на земјата, одговорен за избор и разрешување на судиите и претседателите на судови и за оценка на нивната работа.
Македонија
(Видео) Фрчкоски: Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања
Паралелно со антиамерикански активности, Мицкоски води и анти-ЕУ кампања, обвини Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
„Суспендирани визи од САД – периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија. Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија. Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработката на визи. СДСМ подолг период предупредува за штетата од погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ“, рече Фрчкоски.
Тој додава дека најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој, според него, има отворени проруски ставови и директни врски со Москва.
„Пред само неколку дена го видоме Стоилковиќ како слави заедно со ноќните волци блиски до Путин. Паралелно со овие анти американски активности, Владата на Мицкоски води и анти-ЕУ кампања. Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат затворени прашањa, се измислуваат изговори, за да се оправда изолацијата и блокирание преговори. Не се спроведуваат никакви реформи, владата води анти-ЕУ и анти-американска политика, ја води Македонија кон целосна изолација. Паника е голема. САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата и ова се само први чекори што ги гледаме. Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции. СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа агенда, бидејќи наши стратешки пријатели се САД а местото на Македонија е во НАТО и ЕУ“, рече Фрчкоски.

