Македонија
Шефер нема оптимизам за членство на Македонија

Генералниот секретар на НАТО нема зголемен оптимизам за надминување на спорот за името,по последните разговори со властите во Македонија
Генералниот секретар на НАТО во заминување нема зголемен оптимизам за надминување на спорот за името – што е предуслов за членство во Алијансата, по минатонеделните разговори со властите во Македонија.
Јаап де Хоп Шефер по вчерашните разговори со грчкиот државен врв на македонските власти им порача дека мора да покажат флексибилност за прашањето на името.
„Морам да додадам, отворено и искрено, дека по мојата посета на Скопје минатата недела, мојот оптимизам не зајакна, слушајќи ги властите во Скопје. Се надевам дека тие ќе разберат дека за решавање на прашањето за името, тие мора да покажат флексибилност“, рече Шефер во Атина, по средбата со грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани..
Првиот човек Алијансата, одговарајќи на новинарско прашања во врска со грчката блокада за приемот на Македонија во НАТО на самитот во Букурешт, рече.
„Никогаш немало вето. НАТО не го познава зборот вето. НАТО го познава зборот консензус. Иако луѓето можеби се разочарани, имаше консензус лани во Букурешт и повторно имаше консензус во Стразбур и Кел“, вели Шефер, кој на крајот од јули заминува од функцијата.
Министерката Бакојани рече дека Грција сака да ги види „своите соседи и пријатели во семејството на НАТО“, но откако ќе се реши прашањето за името./крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.