Македонија
За една недела ќе се соопшти одлуката за хеликоптерската несреќа

За една недела обвинителството ќе ја соопшти одлуката за хеликоптерската несреќа кај Блаце во која загинаа 11 мировници и ќе се знае дали ќе биде покрената истрага, дали ќе има обвинение за овој случај или не.
За една недела обвинителството ќе ја соопшти одлуката за хеликоптерската несреќа кај Блаце во која загинаа 11 мировници и ќе се знае дали биде покрената истрага, дали ќе има обвинение за овој случај или не.
Обвинителот Љупчо Шврговски потврди дека одлука има, но ќе биде соопштена по една недела. Експертизата за овој случај е преведена од англиски и на македонски.
Обвинителството побара странската експертиза на хеликоптерот откако утврдија контрадикторности во армискиот и владиниот извештај.
Несреќа се случи на 12 јануари 2008 година на брдото кај катлановско Блаце, каде што загинаа 11 мировници на АРМ при враќањето од мисијата во Босна./крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.