Свет
Марш во чест на жртвите од Холокаустот
Речиси осум илјади млади, повеќето Евреи, денеска го одржуваат традиционалниот “Марш на живите“ низ нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц
Речиси осум илјади млади, повеќето Евреи, денеска го одржуваат традиционалниот “Марш на живите“ низ нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц на денот Јом ха-Шоа, за почит на милиони жртви на Холокаустот.
Младите, со знамиња на Израел и Полска, тргнаа во поход со молитва од главната капија на логорот до гасните комори, по патот на смртта долг три километри.
Еврејска молитва за починатите-Кадиш се одржува во близина на централниот споменик на жртвите на Холокаустот.
“Ова е начин да покажеме дека и покрај Холокаустот, нашиот народ преживеа“, изјавија младинци за Полското радио, објаснувајќи зошто секоја година го одржуваат Маршот на живите.
Според податоците на Државниот музеј, вкупно 1,5 милиони лица, од кои 1,35 милион Евреи, починале во овој злогласен “логор на смртта“.
Израел, денешниот ден, го одбележува како државен празник – сеќавање на шест милиони Евреи кои ги убиле фашистите во текот на Втората светска војна./крај/он/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Пожарникарите во Калифорнија работат во смени до 48 часа: „Во моментов сите се на милост и немилост на ветрот“
Претседателот на Сојузот на професионални пожарникари во Калифорнија, Брајан Рајс, рече дека се справуваат со налетите на ветерот од 130 километри на час.
„Не можеме да го контролираме тоа“, нагласи тој.
This is Malibu on the PCH. A hellscape. So many homes are on fire it’s unusual to see a home that is not. pic.twitter.com/zWwlnvq0lX
— Jonathan Vigliotti 🐋 (@JonVigliotti) January 8, 2025
Пожарникарите би можеле да работат во смени до 48 часа, најави претседателот на синдикатот.
„Овие мажи и жени ќе работат 24, 36, 40, 48-часовни смени. Нема да ги напуштиме опожарените места набрзо. Во моментов, сите се на милост и немилост на ветрот. И додека не видиме промена или слабеење од ветрот, нема да можеме да се опуштиме“, рече тој.
Two men and their dog were seen trapped as Palisades fire surrounded their home in Los Angeles.
They safely evacuated with the dog.pic.twitter.com/cfF2jpkKDN
— Oliya Scootercaster 🛴 (@ScooterCasterNY) January 8, 2025
Портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Ерик Скот, потврди дека 25-годишната жена пожарникар се здобила со сериозна повреда на главата и била пренесена во локална болница.
Тој изјави дека неколку граѓани се здобиле со изгореници.
Европа
Украина: Подготвени сме да влеземе во ЕУ и НАТО наместо Унгарија
Украина е подготвена да го пополни секое празно место во Европската Унија (ЕУ) и НАТО доколку Унгарија одлучи да го повлече членството во овие организации за да се приклучи на блоковите предводени од Русија, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.
„Украина би била подготвена да го пополни празното место во ЕУ и НАТО доколку Унгарија одлучи да го напушти во корист на членството во евроазиската Заедница на независните држави или на Организацијата на договорот за колективна безбедност“, се наведува во соопштението на украинското Министерство.
Коментирајќи ја изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто дека одлуката на Украина да го прекине транзитот на руски гас преку нејзина територија ги зголемила цените, украинското министерство рече дека изјавите се дел од „политички мотивирана информативна кампања насочена кон домашната потрошувачка“ потсетувајќи дека Европската комисија изјави оти одлуката нема негативно влијание врз енергетската безбедност на ЕУ или потрошувачките цени.
„Единствената причина за предизвиците на европскиот енергетски пазар отсекогаш била Русија“, се вели во соопштението обвинувајќи ја Москва дека со децении ја користи енергијата како оружје, како и дека уценува и ја поткопува енергетската безбедност. Во соопштението се додава дека Унгарија треба отворено да признае дали нејзин приоритет е зајакнувањето на Русија пред ЕУ и САД.
На 1 јануари истече петгодишниот договор меѓу Москва и Киев за транзит на руски гас преку Украина по што Украина одби да го продолжи договорот во интерес на националната безбедност.
ЕУ ги почна пристапните преговори со Украина во декември 2023 година. Киев поднесе барање за членство во НАТО во септември 2022 година, неколку месеци откако Русија почна специјална воена операција во Украина.
Свет
Вулкан еруптира во Индонезија
Вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава повторно еруптира исфрлајќи пепел на небото над регионот Лумајанг, јавува „Анадолија“.
Според локалните власти, повикувајќи се на Геолошката агенција на Министерството за енергетика и минерални ресурси, вулканската пепел достигнала висина од еден километар.
„Сеизмографот забележа максимална амплитуда од 22 мм, а ерупцијата траеше 165 секунди“, соопштија локалните власти.
Властите ја прогласија областа на осум километри околу Семеру за зона за евакуација.
На 3.676 метри надморска височина планината Семеру е еден од најактивните вулкани во Индонезија, чии ерупции често резултираат со смртни случаи.
Индонезија, која се наоѓа на огнениот прстен на Пацификот, има највисоко ниво на сеизмичка активност и вулкански ерупции во светот со повеќе од 120 активни вулкани.