Македонија
Собир по повод две години од смртта на Мартин Нешковски
Собир по повод две години од смртта на Мартин Нешковски, момчето кое беше до смрт претепано на плоштадот Македонија додека беше прославувана изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, вечерта на 5-ти јуни 2011 година.
Во четврток во 11 часот граѓаните ќе го посетат местото на убиството и симболично ќе запалат свеќа за еден изгубен млад живот.
Истовремено Движењето Стоп за полициската бруталност ќе одбележи двегодишнината од своето постоење и ќе ги претстави своите понатамошни активности и ќе биде изразена поддршка до турскиот народ кој деновиве крваво се спротивставува на полициската бруталност.
Игор Спасов, припадник на специјалната единица „Тигри“ беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешковски. Според обвинението, Спасов го претепал Мартин за банална причина, оти сакал да се качи на бината на којашто се прославувала победата на предвремените парламентарни избори.
Семејството бараше одговорност и од другите полициски службеници кои биле на местото на настанот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

