Македонија
Падот на визите ќе ги зајакне деловните контакти

Визната либерализација претставува создавање на поволен амбиент за непречено остварување на економските контакти на македонските бизнисмени со нивните партнери од земјите – членки на Европската унија ЕУ. Ова за Макфакс го изјави портпаролката на македонското министерство за економија Селвет
Визната либерализација претставува создавање на поволен амбиент за непречено остварување на економските контакти на македонските бизнисмени со нивните партнери од земјите – членки на Европската унија ЕУ. Ова за Макфакс го изјави портпаролката на македонското министерство за економија Селвет Барути.
„Долгите процедури и чекања пред амбасадите, со кои се соочуваа македонските стопанственици, сега ќе се надминат и тие ќе можат во временските рокови кои што ги договориле со нивните партнери да ги остварат своите бизнис зделки“, вели Барути.
Ова, според неа, значи дека стопанствениците ќе можат навреме да ги склучат билатералните договори да остваруваат меѓусебни трговии, ќе можат да учествуваат на меѓународни и регионални саеми, каде што ќе имаат можност да ги презентираат своите услуги и брендираните производи.
Според министерството за економија, визната либерализација претставува и поволност и за граѓаните и за најмладата популација, која својот потенцијал, како и теоретското знаење што го има стекнато за време на едукацијата, ќе има можност да го развива и преточува во искуство надвор од државава, за потоа што поуспешно да го примени во сопствената земја, што секако ќе преставува и нивна лична, но и афирмација на Република Македонија.
Економскиот аналитичар Тихомир Јовановски за Макфакс изјави дека укинувањето на визниот режим е позитивно од политички, економски, а особено од научен и културен аспект,Според него, на овој начин македонските стопанственици ќе може да ги зајакнат своите контакти со деловните партнери од Европската унија. Ова претставува еден вид награда за се она што исполнија македонските граѓани и е чекор кон полноправно членство во ЕУ, вели Јовановски, укажувајќи дека сега од нас самите зависи дали ќе ја завршиме задачата за членство во унијата. Тој препорачува дека е неопходно и да поевтини превозот кон европските дестинации, за да може поголем број македонски граѓани да отпатуваат во ЕУ.Со укинувањето на визите се намалија единствено издатоците, што се плаќаа за таксите при вадењето на визи, но и натаму е скапо да се патува во странство, смета Јовановски.Според него се прави преголема фама во јавноста дека со укинувањето на визите ќе дојде до голем одлив на работна сила од Македонија. Сметам дека до ова нема да дојде од две причини. Конкуренцијата за работни места во ЕУ е огромна, особено по припојувањето на источните држави и второ мислам дека ЕУ го затвора каналот за прием на работници од Балканот, изјави Јовановски за Макфакс.Сојузот на стопански комори на Македонија во понеделникот ја поздрави одлуката за укинување на визите за македонските граѓаните, наведувајќи дека со тоа ќе се зголемат и можностите на македонското стопанство. “За македонското стопанство и граѓаните, укинувањето на визите значи позитивен чекор за понатамошна европеизација. По укинувањето на визите, очекуваме зајакнување на економските и културните со ЕУ, зголемување на извозот од домашното производство, освојување на нови пазари и поголема деловна присутност кај потенцијалните бизнис партнери. изјави Митко Алексов, извршен директор на Сојуз на стопански комори.Според него, евидентно ќе биде учеството на македонските компании на саеми, бизнис форумите, ќе биде олеснето за воспоставувањето на директни бизнис контакти каде ќе се презентираат македонските производи, одредени иновации и патенти“. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денес во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринската темература ќе се движи од 9 до 19 степени, а дневната ќе достигне до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Температурата ќе достигне до 30 степени.
Македонија
(Видео) Елитната полициска единица ЕБР прослави 24 години постоење

Со свечена церемонија вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци беше одбележан 23 август – Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и 24 години од формирањето на оваа елитна полициска единица при Министерството за внатрешни работи. Настанот се одржа во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, раководството на МВР, министри, пратеници, претставници на институциите и локалната самоуправа, полициските синдикати, како и семејства на загинати и починати припадници на ЕБР.
Граѓаните на Кавадарци имаа можност да се запознаат со опремата на единицата преку концептот „До вас, за вас“ и да се дружат со припадниците на полицијата.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето обраќање истакна дека ЕБР е симбол на сигурност и доверба, формирана врз темелите на професионализам, пожртвуваност и верност кон државата.
„Во изминатите две и пол децении, ЕБР се втемели како симбол на сигурност и брза реакција, вистински штит на државата и граѓаните. Ниту еден припадник не се двоуми да преземе одговорност и да дејствува во најризични ситуации, каде што секунда одлука може да значи спас на човечки животи“, порача министерот Тошковски.
Тој додаде дека токму оваа единица има незаменлива улога во борбата против криминалот и корупцијата.
„Разбиени се опасни криминални групи, расветлени стотици дела, запленета е дрога која ќе завршеше кај младите, спречени се илјадници обиди за нелегален влез во државата. Дојде време да покажеме дека државата е посилна од криминалот и дека институциите ја враќаат довербата кај граѓаните“, истакна Тошковски.
На свеченоста зборуваа и досегашниот командант на ЕБР, Зоран Јанаќијев, кој даде свое видување за иднината на единицата, како и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој ја поздрави иницијативата „До вас, за вас“.
Беа доделени плакети на најистакнатите припадници на ЕБР, а претходно во текот на денот беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето во чест на загинатите херои на единицата.
Македонија
„Корумпираната држава ни ги украде децата“, потресни сцени на маршот во Кочани

Родителите, семејствата и пријателите на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ повторно одржаа марш во Кочани. Повторно се гледаа солзи, тишина и болка, а поворката ја следеа фотографии на загинатите кои нивните родители ги носеа во рацете.
„Корумпираната држава ни ги украде децата. Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата. Ни го украдоа сонот, ни ја скратија иднината, а болката ја претворија во наша секојдневна реалност. Бараме правда за нашите деца, бараме крај на корупцијата“, пишуваше на еден од транспарентите.
Слична порака се појави и на друг транспарент: „Моето дете умре, беше убиено од систем кој не штити, туку убива.“
Особено емотивен момент предизвика Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, чиј роденден се совпадна со маршот.
„Денес небото одекнува од твојата музика, синко наш. Слави го роденденот со ангелите“, порача таа, оставајќи длабока тишина меѓу присутните.
„Ние, родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“, стоеше напишано до фотографиите на младите кои повеќе не се меѓу живите.
Овој марш уште еднаш ја отвори болната тема за безбедноста, одговорноста на институциите и вечната битка на родителите – правдата за своите деца.