Македонија
СДСМ: Срамна пресуда за Љубе Бошкоски

За СДСМ денешната пресудата против Љубе Бошковски е уште една срамна пресуда на македонските судови.
Ова е уште еден доказ дека во Македонија не постои ниту правна држава ниту независно судство, ниту дека така наречените реформи им гарантираат на граѓаните владеење на правото и заштита на нивните права, реагира СДСМ на 12-годишната затворска казна која му беше досудена во петок на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.
„Кога Хашкиот трибунал го ослободи, го пречекаа на аеродром како херој, за сега, на македонскиот политички трибунал да му наложат ваква пресуда.Со ова, само се потврдува дека продолжува хајката и одмаздата на власта против политичките неистомисленици и нејзините политички противници.Откако Македонија ја направија единствена држава каде има политички затвореници и каде владее автократски режим, мораше дополнително да го казнат, само заради тоа што ја допре најболната точка на ВМРО-ДПМНЕ, вмешаноста на фамилијата во сомнителни бизниси“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
СДСМ го повика Апелациониот суд во Скопје, при одлучувањето по жалбите, да се води по законските прописи на Македонија, а не по политичките диктати на центрите на моќ./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.