Македонија
Детско писмо од Македонија за авторката на „Хари Потер“

Заедничко писмо до авторката на книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц" Џоан Роулинг ќе испратат штитениците од Домот за деца без родители
Заедничко писмо до авторката на книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц” Џоан Роулинг ќе испратат штитениците од Домот за деца без родители „11 Октомври” од Скопје.
Тие претпладнево ќе го посетат штандот на „Младинска книга” на Саемот на книгата, каде ќе биде подготвено пакетчето со писмото што е адресирано до авторката Роулинг во Лондон.
Децата од домот претходно беа свечени гости на промоцијата на книгата „Хари Потер и Полукрвниот Принц”, кога и била покрената идејата да нацртаат повеќе цртежи, сите да се потпишат во новата книга за Хари Потер и официјално да пратат едно писмо на самата авторка./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Посебен сообраќаен режим в недела поради трка во Скопје

В недела во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 09:45 часот.
Траса на движење на велосипедската трка: почеток од пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение право по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски Крст“) и траса на движење на планинарите со почеток во 10:00 часот од пред О.У.„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно по планинската патека кон Средно Водно, од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски крст“) во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Македонија
Кај Куманово приведен косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

На 15 мај околу 4 часот на автопатот Куманово-Скопје, во близина на влезот на Куманово, полицијата изврши контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од турски државјанин, а кој сообраќал на релација Турција – Бугарија – Македонија – Косово.
При прегледот на патниците, кај М.Ш.(36) од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација.
Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Обвинителите објавија нова видеоснимка на која Манев се враќа по лопата: „Однапред се подготвувале за убиството на Вања“

На денешното рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска беше прикажана необјавена снимка од 24 ноември 2023 година, која, како што беше презентирано потекнува од дента кога се случил првиот неуспешен обид за грабнувањето на Вања.
Обвинителката Ана Димитриевска, рече дека видеоматеријалот е од безбедносниот систем на Манев, од кој веќе некои снимки се изведуваа пред судот.
„Оваа снимка што дополнително ќе ја покажеме, не беше изведена, а бараме да се изведе на околност дека обвинетите однапред се подготвувале да извршат убиство, а не само грабнување на детето Вања Ѓорчевска. Тоа е спротивно на нивната одбрана изнесена на главната расправа“, рече обвинителката.
На снимката се гледа дека само што кај 3 часот сабајле на 24.11.2023 обвинетите Велибор Манев и Боре Видевски со пикап „рено кангу” тргнуваат на пат кон Велес, од каде се оди и за Скопје, тие се враќаат на портата на куќата на Манев. Се гледа како тој излегува од возилото и за половина минута се враќа со лопата во раката.
Палевски рече дека се противи генерално на сите обиди на Јавното обвинителство во дополнителна доказна постапка да манипулира и да вештачи на лице место, а не се вештаци, туку се обвинители.