Свет
Двајцата водачи на меѓународен нарко картел уапсени во Кабул
Двајца клучни членови на меѓународен нарко картел се уапсени во авганистанската престолнина Кабул, а се наоѓаат на листата од првите десет најопасни криминалци, направена од министерството за борба против наркотици на Авганистан, јави агенцијата Pajhwok.
Според заменик министерот за специјалните единици за борба против наркотици на авганистанското министерство за внатрешни работи, База Мохамед Ахмади, уапсени биле Хаџи Бахтавар и Хаџи Ѓул Хазрат кои секој месец преку северните провинции на Авганистан префрлувале во соседниот Таџикистан, Русија и европските земји, повеќе од еден тон дрога. Полицијата ја открила трагата на криминалците откако пред неколку седмици во провинцијата Кундуз биле уапсени нивни соучесници, коишто превезувале 50 килограми хероин во Таџикистан.
Според аганистанската полиција, Бахтавар е коосновач на големиот комерцијален проектот за изградба во Кабул – ткн. „палатата на Бахтавар“, којашто го гради компанија „Оникс“.
Според податоците на авганистанското министерство за внатрешни работи, наркотиците биле доставувани во северните делови од земјата преку соучесник идентификуван како Хаџи Гоља од источната провинција Нангахар. Во текот на изминатите два месеца, авганистанската агенција за борба против наркотиците уапсила пет члена на меѓународниот картел, коишто се наоѓаат на првите десет места од листата на најбараните криминалци кои се занимаваат со трговија со дроги. Некои од нив веќе се осудени на затворски казни од 20 години.
Само за последниот месец соработниците на агенцијата за борба против наркотици на мафијашките структури им заплениле 258 килограми хероин, 316 килограми морфиум, седум тони хашиш и околу три тона прекурсори. Во истиот период, 124 лица се уапсени под сомнение дека се поврзани со трговијата со дрога./крај/ паж/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

