Македонија
Бонева: Уставниот суд и нанесе силен удар на младата македонска демократија
Пратеничката Силвана Бонева во името на владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска изрази револт против новата одлука на Уставниот суд со која лустрација ќе се врши од 1945 до 1991 година.
Пратеничката Силвана Бонева во името на владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска изрази револт против новата одлука на Уставниот суд со која лустрација ќе се врши од 1945 до 1991 година.
„Убедени сме дека Уставниот суд сака македонската демократија и понатаму да биде зауздана и таа понатаму да биде заложник на пајаковата мрежа која што ја сплетоа околу општеството соработниците на тајните служби“, истакна Бонева.
Според ВМРО-ДПМНЕ новата одлука на Уставен суд е повратен удар на соработниците на тајните служби, кои како што рече Бонева: „кодошеа, кршеа човекови права, уништуваа човечки судбини и на тој начин се пресметуваа со политичкиот противник“.
Одлуката на Уставниот суд Бонева рече дека е штетна за Ребублика Македонија со образложение дека Законот за лустрација не се однесувал на поранешниот систем, туку само на оние кои кршеле човекови права од идеолошки причини.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека и по 1991 година имало многу афери од луѓе кои кршеле човекови права од идеолошки причини, а сеуште не се расчистени.
Уставниот суд укина делови од членот 2 и членот 8 и со новата одлука која ја донесе во периодот по 1991 година во земјата важат демократски вредности и постојат правни механизми со кои може да се утврди одговорноста на лицата што соработувале со безбедносните служби./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.