Економија
Новозеландска банка патентира план за спречување на измама со картички
Банката на Нов Зеланд ( Bank of New Zeland) денеска ја патентиреше технологијата преку која се спречува неовластено снимање на податоци од дебитни и кредитни картички, пренесе хрватска Хина.
Банката на Нов Зеланд ( Bank of New Zeland) денеска ја патентиреше технологијата преку која се спречува неовластено снимање на податоци од дебитни и кредитни картички, пренесе хрватска Хина.
Измамниците сега можат да снимаат ПИН кодови и да изработат лажни или клонирани картички преку кои незаконски вадат пари, од сметка на некој човек на кого му се украдени податоците.
Новозеландската банка објави дека пронашла изум и развила технологија на тековни шифрирани броеви ( liquified encryption numbers) или ЛЕН (LEN).
Клиентите не мора да вадат нови картички туку банкоматот, со ЛЕН технологијата го менува записот на магнетната лента на картичката, со секоја употреба на банкоматот, за разлика од сегашните технологии кои не ги менуваат податоците на стандардните дебитни и кредитни картички.
„Тоа значи дека криминалците нема да можат дополнително да ги користат пресликаните податоци со картичка за нелегална трансакција“, изјави изумителот на ЛЕН Мајкл Тарнер.
Неовластеното копирање на податоци од картичката е во пораст насекаде во светот, а во изминатите 5 години секој петти корисник на кредитна или дебитна картичка е оштетен или измамен, покажуваат податоците на Аци Ворлдвајд (ACI Worldwide), компанија за апликациски софтвери за електронско плаќање.
Со помош на изумот ЛЕН, во последните две години, малверзациите со картички се преполовени./крај/хина/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Компанијата Зегин се стекна со уште едно признание за општествено одговорна компанија
Во рамки на 24-тото генерално собрание на Американската комора кое се одржа изминатава недела, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки.
Kомпанијата Зегин го доби признанието за компанија со една од најдобрите општествено одговорни практики, преку проектот “Партнерство за донирање” кој е поддржан од УСАИД , а имплементиран од Американската стопанска комора.
Признанието се однесува на хуманитарната трка “Зегин Спектратон- трка на херои во сите бои” како дел од кампањата за подигнување на свесноста за лицата со аутизам која е во фокусот на Зегин за оваа година.
Преку хуманитарната трка, но и со дополнителна донација од Фондацијата Д-р Верица Механџиска беа собрани средства со кои започна реконструкцијата на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутизам.
Со оваа кампања компанијата Зегин заедно со Фондацијата Д-р Верица Механџиска ја отвора шансата за подигнување на свеста, за едуцирање и за потсетување на општеството дека аутизмот не е ограничување, туку различен начин на постоење. Кампањата е упатување на повик за сочувство, за вклучување и за препознавање на сјајот во она што може да изгледа како хаос.
ПР
Економија
Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите што ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци
Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на ОЕЦД во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.
Таа рече дека во спроведувањето на процесот на имплементација на стандардите за автоматска размена имаме поддршка од ОЕЦД, која дава огромни можности на земјите кои се подготвени да ги споделат информациите што се насочени кон борбата со даночното затајување. Притоа, потенцира дека е најважна имплементацијата на законите што се носат.
„Земјата веќе добива техничка поддршка од ОЕЦД и верувам дека во наредниот период ќе изградиме даночна администрација која ќе продуцира добри, квалитетни и коректни податоци, имајќи предвид дека во моментот има осум посебни системи од кои се добиваат информациите“, рече министерката, која потенцира дека забрзано ќе се работи и на дигитализација на процесите, што е приоритет на Владата, а тоа е поткрепено и со формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација.
Министерката истакна дека едно од прашањата во имплементацијата на овој процес е затворено, а тоа се однесува на банкарскиот сектор, кој е стабилен и силен, и дека со затворањето и на второто прашање, во однос на даночната администрација, може да се очекува во 2027 година веќе да бидеме на листата на земји кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци.
Стандардите за автоматска размена на информации (AEOI) се клучна алатка за јурисдикциите, односно државите, во борбата против даночното затајување и заштита на интегритетот на нивните даночни системи. Глобалниот форум има значајна улога во развојот на капацитетите со цел поддршка и овозможување брза и ефективна имплементација на стандардите од страна на сите земји членки на Глобалниот форум, кои се над 170.
Економија
BLACK FRIDAY ВО АНХОЧ – Реални попусти до 70% од 28 ноември до 2 декември 2024 година
Оваа година ни даваат многу причини да ги посетиме, особено со примамливите до 70% РЕАЛНИ ПОПУСТИ! Треба само еден краток поглед за да го приметите огромниот избор на десктопи, лаптопи, аудио и видео опрема, смарт уреди и генерално сè што може да замислите од IT опрема.
Изгледа на идеален период да се почастиме со она што вистински ни треба или што едноставно ни причинува задоволство 🙂
Од 28 ноември до 02 декември – Black Friday во Анхоч!
Понуда која најверојатно нема да сакате да ја пропуштите
ПР