Македонија
Нови 12 Македонци се враќаат од Египет, 10 ќе пристигнат преку Сараево

Вкупно 12 македонски државјани денеска попладне со авион на „Туркиш Ерлајнс“ ќе се вратат во Скопје од Египет, додека нова група од 10 лица преку Сараево ќе пристигнат во земјава, информираат од Министерството за надворешни работи.Во групата што во Македонија ќе се врати преку Сараево, се и деветте државјани кои претходно го откажаа своето враќање со образложение дека ситуацијата ќе се подобри во следните неколку дена.Враќањето на оваа група граѓани се прави во координација со босанската амбасада во Египет. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.