Македонија
Груевски и Филе разговарале за реформите
Реформите што се завршени, но и работите што се во тек и што следат во иднина, биле тема на разговор меѓу премиерот Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Реформите што се завршени, но и работите што се во тек и што следат во иднина, биле тема на разговор меѓу премиерот Никола Груевски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
Ова денеска, како што јави телевизијата А1, го потврдил премиерот Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на новата спортска сала во Тетово.
„Мошне детално ги разгледавме сите постигнувања што досега Р.Македонија ги направи, му дадовме детални објаснувања за сите завршени работи но, и за работите што се во тек, реформите кои што сега се во тек или реформите кои во иднина треба да се завршат со рокови и со наши планови како тоа да се направи, како во делот на судскиот систем, во делот на администрацијата, во делот на другите реформи“, рече Груевски.
Премиерот Никола Груевски во четвртокот имаше невообичаено долга средба со Филе во Брисел, по што немаше никакво официјално соопштение за што се разговарало. /крај/а1/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

