Македонија
Големи законски измени во законот за учебникарство
Строги критериуми за тоа кој може да биде автор или рецензент на учебник и значително зголемување на ингеренциите на Националната комисија за учебници која ќе може да го распушти рецензентскиот тим.
Строги критериуми за тоа кој може да биде автор или рецензент на учебник и значително зголемување на ингеренциите на Националната комисија за учебници која ќе може да го распушти рецензентскиот тим. Ова се само мал дел од законските измени во законот за учебникарство што денеска ги соопшти Министерот за образование и наука, Никола Тодоров. На вчерашниот вонреден состанок на министерот со Националната комисија за учебници, Педагошката служба и Бирото за развој на образованието, со цел спречување на состојбите кои се појавија во учебникарството во земјата, како учебникот „Општество“, министерството за образование и наука до Владата на Република Македонија ќе предложи законски измени за законот за учебниците во основното и средното образование. „Ќе се овозможи Националната комисија за учебници на своите седници задолжително да расправа за рецензиите на учебниците и истите да ги прифаќа или отфрла и да може да го распушти рецензентскиот тим и веднаш да формира тим за супер рецензија“ рече Министерот Тодоров. „Заклучивме дека за автор или рецензент на учебник треба да се предвидат критериуми кои ќе гласат дека автор или рецензент не може да биде лице кое нема минимум десет години искуство во предавање на предметот по кој се прави учебникот,“ информираше министерот и додаде дека на состанокот е одлучено да биде предвидена и сериозна одговорност за оние рецензенти кои несовесно или неодговорно ќе ја вршат својата работа. „Беше договорено и да се воведе принципот на анонимност кај рецензентите бидејќи во овој момент според законското решение постои овој принцип на анонимност само кај авторите на учебниците и поради тоа голем дел од рецензентите се под притисок од страна на оние кои предале ракописи за рецензија,“ рече Тодоров. Било одлучено и во најкус можен рок да отпочне процедура за акредитација на последимпломски студии за учебникарство, бидејќи како што истакна министерот „тоа е нешто што сиве овие години недостасува во Македонија и тоа остава сериозна празнина во оваа научна област“. „Сите овие мерки се во правец на подобрување и средување на состојбите во учебникарството, но и се резултат на се почестите дојави до министерството за определени недоследности, недостатоци или грешки во учебниците,“ рече Тодоров. Ваквите мерки следуваат по бурните реакции во јавноста за учебникот по „Општество“ чии огромни грешки случајно беа забележани од новинарите. Потоа се одлучи тој да биде повлечен. Овој учебник отвори многу прашања за постапката на правење учебници во земјата, за компетентноста на авторите и рецензентите, и за одговорноста на Министерството за образование во целиот процес. Направената штета само за „Општество“ ќе чини дополнителни милион денари./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.
Македонија
Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа
Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Доколку се следат податоците од апликациите кои ја мерат загаденоста на воздухот, Скопје и утрово е град со многу висока загаденост. Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.
Најзагаден воздух утрово дишат жителите на населбата Илинден.
Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот на алармирање. Загадувањето во Скопје е децениски проблем особено во зимскиот период и времетраењето на грејната сезона.
Македонија
Студено утро со измерени -5 степени во Берово
Најстудено изутринава е во Берово, каде се измерени – 5 степени, по што следуваат Битола и Струмица, -4, Скопје-Петровец и Штип, – 3, Демир Капија, Велес и Куманово, – 2. Во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Mаврови Анови и Претор температура од – 1, Крива Паланка, Попова Шапка, 0, Охрид, 1, Виница и Kрушево 2, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
УХМР најави дека до вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

