Свет
Најмалку 10 загинати во нападите на границата меѓу јужен и северен Судан
NULL
Најмалку 10 луѓе загинаа при напад на милицијата на полициски пункт во спорната област на разграничување меѓу северен и јужен Судан.Ова денеска го соопшти претставник на властите во Јужен Судан, кој неодамна се отцепи од северниот дел на земјата, пренесува Асошиејтед прес.Истиот извор тврди дека зад нападот во спорната гранична област Абјеи стои владата на северен Судан, додека еден од учесниците во нападот рече дека јужносуданската влада го испровоцирала нападот.Во нападот што се случил вчера, загинале седум полицајци и тројца припадници на номадското племе Мисерија, а борбите продолжиле и денеска.На регионот Абјеи, кој се наоѓа во близина на големите нафтени полиња, право полагаат и северот и југот на Судан.Северот и југот на Судан војуваа повеќе од 20 години, а во судирите завршени во 2005. година загинаа повеќе од два милиона луѓе.Јужен Судан во јануари на референдум со огромно мнозинство изгласа отцепување од северот на земјата. Јужен Судан формално треба да стане независен во јули.Југот стравува дека владата од северот би можела да го искористи нерешениот статус на Абјеи како изговор овластените милиции да го напаѓаат југот.Од друга страна, припадниците на племето Мисерија стравуваат дека доколку управата над Абјеи ја добие југот, тие нема да можат да ја напасуваат стоката. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

