Македонија
Матурантите денеска полагаат мајчин јазик

Вкупно 2.255 кандидати од 87 средни училишта низ Македонија, пријавени се за полагање на државната матура во августовскиот испитен рок, што ќе се одржи денеска и на 16 август
Според програмата денеска се полага македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература, додека на 16 август ќе се полага математика, англиски, француски , руски и германски јазик како и филозофија и естетика.За училишна матура и завршен испит се пријавени околу десет проценти од вкупната бројка од 20.904 ученици, кои завршиле четврта година во изминатата учебна година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.