Контакт

Вести

Малезија негира дека новиот фрагмент потекнува од ‘Boeing 777', останки најдени пред три месеца’

Објавено пред

Челникот на агенцијата за цивилно воздухопловство на Малезија, Азхарудин Абдил Рахман, изјави дека новиот фрагмент пронајден на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан, не му припаѓа на авион од типот „Boeing 777“ каков што исчезна во март 2014 година, туку дека станува збор за дел од скалило.

dobivaj vesti na viber

„Раководам со истрагата во Франција во врска со истражувањето на пронајдениот фрагмент (двометарскиот дел од крилата за маневрирање –з.м.). Ги прочитав сите медиумски извештаи дека новите фрагменти се дел од врата. Но јас проверив со луѓето од управата за цивилно воздухопловство и со луѓето на лице место, на Реунион, Се покажа дека тоа е само домашна скала“, изјави во неделата за Associated Press шефот на малезиската агенција за цивилно воздухопловство Азхарудин Абдил Рахман.

Во неделата британската сателитска телевизија Sky News повикувајќи се на извори од истрагата објави дека на брегот на Реунион е пронајдена врата од авион, на којашто биле најдени натписи на странски јазици и веројатно некои цртежи. Официјално оваа информација не е потврдена.

Британскиот весник The Daily Telegraph, исто така, јави дека првите информации за новиот фрагмент од непознат авион во медиумите ги соопштил локален жител кој се јавил во радиото Freedom Radio. Тој појаснил дека мештаните пронашле „поголем метален објект со странски натписи“, во близина на градот Сен Дени. Портпаролот на локалната полиција на барањето на весникот да ја коментира оваа информација одговорил „Не верувајте во сé што ќе слушнете во јавувањата на радио“.

Претходно на островот беше откриен фрагмент од авионско крило – флаперон. Фрагментот е испратен во француската воена база во близина на Тулуз, а анализата ќе започне во среда. Во неделата малезискиот министер за транспорт Лиу Тионг Лаија потврди дека од компанијата „Boeing“ добил потврда дека фрагментот од крилото припаѓа на моделот „Boeing 777“. Меѓутоа, не можеше да потврди дека му припаѓа токму на исчезнатиот авион на малезиската воздухопловна компанија „Malaysia Airlines“.

Овој остаток кој би можел да биде дел од исчезнатиот авион струјата го донела до брегот на Реунион уште пред три месеца, пишува британски The Telegraph, повикувајќи се на локалните жители.

Весникот го цитира мештанинот Никола Фереи кој за време на расчистувањето на напуштен дел од источниот брег на островот видел делови од авионот. Особено, според Ферие, во мај кога собирал ѓубре на брегот открил некои сини парчиња можеби од столчиња. Но дека овие делови може да имаат поврзаност со исчезнатиот малезиски авион, тој дознал дури по веста дека на островот е најден дел од авион „Boeing“.

Ферие рекол дека покрај тоа наишол и на други предмет при чистењето на брегот. „Истовремено најдов и неколку патни торби со алишта“, рекол и истакнал дека ги изгорел заедно со другите пронајдени работи. „Тоа е мајата работа“, рекол Ферие и не ја отфрла можноста дека изгорел некои предмети кои би можеле да потекнуваат од исчезнатиот „Boeing 777“. Додава и дека бил присутен кога во средата биле пронајдени фрагментите од крило на авион.

The Telegraph пишува и дека тврдењата на Ферие ги потврдува уште една локална жителка која ја именува како Изабел. Таа тврди дека нејзиниот 10-годишен син при заедничка прошетка крај бегот видел два куфера и предмет сличен на авионско крило. Жената, исто така, не му придавала значење на тоа сé до веста за пронаоѓањето на остатокот кој може да е од исчезнатиот авион.

Ноќта кон 8-ми март 2014 година авионот „Boeing 777-200“ на компанијата „Malaysia Airlines“, на летото MH370 од Куала Лумпур за Пекинг со 227 патници и 12 членови на екипажот исчезна од радарите без да пријави проблеми. Експертизата покажа дека по половина час лет скршнал од планираниот курс на летање, иако метеоролошките услови бил добри, и се претпоставува дека се урнал во јужниот дел од Индискиот Океан каде што Австралија на води големата подводна потрага./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ5 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија7 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија8 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија8 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ8 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија8 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија9 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет10 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа11 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет12 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет13 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет13 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет13 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа13 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија23 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет23 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...