Свет
Продолжуваат протестите во јужен Јемен, тројца загинати

Три лица загинаа во петокот навечер по локално време при акцијата на безбедносните сили за растурање на антивладините демонстрации во градот Аден во јужниот дел на Јемен, јави Agence France-Presse, повикувајќи се на извори од гратските болници
Според агенцијата, судирот на стотиците демонстранти кои бараат промена на режимот со полицијата продолжува и вечерва во различни делови на Аден. Групи демонстранти не се повлекле и покрај тоа што војската навлегла во градот по претходните антивладини протести. Во петокот навечер во судирите загинале тројца демонстранти, со што бројот загинати од почетокот на протестите во градот се зголеми на осум лица. Претходно во петокот беше потврдено дека две лица загинале откако непознати лица фрлиле граната во маса демонстранти во центарот на градот Таез, исто така во јужниот дел на Јемен. Немирите во Јемен започнаа минатата седмица кога јеменската опозицијата на 10-ти февруари го организираше ткн. „Ден на гневот“, на кој учествуваа околу 20 илјади луѓе. Јеменски претседател Али Абдула Салех, од кого оставка бараат демонстрантите, уште на почетокот на февруари изјави дека нема да ги прошири своите овластувања ниту дека ќе ја пренесе власта на својот син. Абдула Салех стана претседател на Северен Јемен во 1978 г., а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на формираната Арапската Република Јемен. И овие немири што го зафатија Јемен, политичките аналитичари го гледаат во фонот на безредијата што ги зафатија неколкуте држави во регионот, како Тунис, Египет, Алжир и Бахреин. Под притисок на улични протести на 11-ти февруари поднесе оставка египетскиот претседател Хосни Мубарак, кој ја предаде власта на армијата. Овој домино ефект од масовни протести во арапските земји започна на 14-ти јануари во Тунис со кои беше соборен од власта претседателот Зине ел-Абидине бен-Али кој со поширокото семејство избега во Саудиска Арабија, а веќе следниот ден беше и официјално сменет од функцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Од цревото за гориво направил пламенофрлач и се обидел да ги запали работниците на пумпата

Безбедносните камери на бензинска пумпа во Фагет, која се наоѓа на околу еден час оддалеченост од Темишвар, снимиле пијан маж како запалува црево за точење гориво, со што создава импровизиран пламенофрлач, а потоа го насочува кон работниците на пумпата и го „пушта“ огнот.
Неговите постапки предизвикале пожар кој можел да има многу посериозни последици. Работниците на пумпата го изгаснале пожарот со противпожарен апарат.
За време на инцидентот, мажот фрлил запалено гориво кон еден од вработените, предизвикувајќи му изгореници. По нападот, осомничениот го напуштил местото на настанот и се скрил во блиската зграда.
IMAGINI ȘOCANTE Un bărbat a incendiat o pompă de alimentare a unei benzinării din Făget, Timiș https://t.co/nBadmV6Uf4 pic.twitter.com/SPcydGwQ9s
— TVR Info (@StirileTVR) September 6, 2025
Ја скршил влезната врата и се забарикадирал на третиот кат, каде што го пронашла полицијата. Лицето е приведено и му е одреден притвор од 30 дена.
Против него е покрената кривична постапка за палење, уништување со палење, уништување на имот, предизвикување телесни повреди и други форми на насилство и нарушување на јавниот ред.
Канцеларијата на окружниот суд ја прошири истрагата за да вклучи и обид за тешко убиство.
Регион
Вучиќ бесен на Европските зелени: Олош сте, ќе одговарате пред законот на Србија!

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати жестоки критики кон Европската зелена партија, обвинувајќи ја дека стои зад насилствата на протестите во Нови Сад.
„Одете, уништете ги вашите земји. Не ја уништувајте Србија. Вие сте олош. И не сте ни олош, полоши сте од тоа. Тоа е сè што имам да ви кажам. Дали се плашиме? Ни најмалку. Ја почитувам Урсула фон дер Лајен. Го почитувам Антонио Кошта. На ова ѓубре, олош, од Европската зелена партија, најлошиот олош во Европа што дојде во Нови Сад вчера за да го поддржи ова насилство, ќе бидат гонети во согласност со законите на Република Србија“, изјави Вучиќ.
Тој се осврна и на бројките од протестите, нагласувајќи дека низ цела Србија излегле помалку од 10.000 луѓе, додека најмногу имало во Нови Сад.
„9.380 луѓе биле низ цела Србија на митинзи против владата, од кои 7.020 биле во Нови Сад, според бројките на Министерството за внатрешни работи. И насекаде беше мирно, без инциденти, освен во Нови Сад. Полицијата им дозволи да ги тепаат со пиротехнички средства, стапови и камења цели 12 минути. Дури тогаш полицијата реагираше“, рече Вучиќ.
Претседателот предупреди дека ситуацијата во Нови Сад ескалирала и поради присуството на европратеници, кои, според него, сакале да ја нарушат стабилноста на Србија.
„Некои се обидоа со фантомки и шлемови да ги окупираат просториите на Филозофскиот факултет, но не успеаја“, нагласи Вучиќ.
Тој додаде дека српската полиција постапила строго професионално, но дека во инцидентите биле повредени 11 припадници на МВР.
Свет
„Не одам кај терористот“, Зеленски ја отфрли понудата на Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли идејата на рускиот лидер Владимир Путин за билатерална средба во Москва, објави Укринформ, повикувајќи се на интервју за американскиот канал Еј-Би-Си Њуз.
„Тој може да дојде во Киев. Не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракетни напади, под напади секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист“, истакна Зеленски.
Претседателот нагласи дека предлогот на Путин бил повеќе обид за одложување на средбата отколку искрен повик за дијалог. Сепак, тој е подготвен да се сретне во која било форма, но само ако средбата не ја загрозува Украина.
„Ако некој не сака да се сретне за време на војна, може да понуди нешто што не би било прифатливо за мене или за другите“, додаде Зеленски, додавајќи дека Путин „си игра со САД“.
Претходно, Путин изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски и дека Москва е најдобро место за можна средба меѓу двајцата лидери, што веднаш беше одбиено од украинскиот претседател.