Македонија
Четворица полицајци добија отказ , се обиделе да крадат
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 21 решение против 21 вработен во Министерството поради сторени повреди во работењето.
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 21 решение против 21 вработен во Министерството поради сторени повреди во работењето.
На седум вработени изречени им се мерки парична казна и предупредување, на четворица вработени им е изречена мерка отказ и на тројца вработени им е запрена постапката поради немање повреда.
Д.С. и Љ.Д., полицајци во Полициска станица за граничен надзор „Попова Шапка“, изречени им се мерки „отказ“ оти се обиделе да извршат кражба,
Полицајците се казнети оти спиел на работно место, а главен инспектор-раководител во Надворешна канцеларија за криминалистички работи Чаир, изречена му е мерка „предупредување“ оти контактирал со лице барано по потерница.
На полицаец од Тетово му е изречена му е мерка парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци затоа што заминал во странство без да побара согласност за патување. 10% од месечната плата во траење од шест месеци заработил полицаец од Драчево оти не постапил по наредба а друг пак оти не дошол на работа.
Ј.С., полицаец во Полициската станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е мерка „отказ“ затоа што изостанал од работа три последователни дена исто како и Р.Г., полицаец во Полициска станица за гранична контрола „Пелинце“.
Џ.Џ., полицаец во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Велес изречена и е мерка „предупредување“ затоа што непристојно се однесувала кон странки. М.Т., полицаец во Полициска станица за граничен надзор „Попова Шапка“, изречена му е мерка парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци затоа што физички нападнал колега. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Аеродром без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, бул.3-та Македонска бригада (кај ресторан Дион) ( општина Аеродром ).
Македонија
Сончево време со температура до 16 степени, од петок дожд и снег
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени, jавува УХМР.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
До петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури. Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места.
Македонија
(Видео) Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси
Амандманот на државниот буџет за 2025 предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат 50 милиони денари за набавка на еколошки автобуси, кои треба да се поделат на општини со организиран јавен превоз, беше одбиен од заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за финансирање и буџет.
Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот истакна дека во буџетот не се предвидени средства за набавка на еколошки автобуси, што беше образложение на власта за одбивање на амандманот.
„Основната лекција во креирање буџет е да има приходна и расходна страна, ако на приходната страна нема пари, не може да има трошок на расходната страна. Велите гледаме да купиме 120 автобуси, а ги нема ви буџетот, како 35 милиони за Мајка Тереза универзитетот, што ги најдовте, а во буџетот се предвидени одвај 100.000 евра“, рече Битиќи.
Тој истакна дека денеска тие шест еколошки автобуси, не изникнаа, тоа пред 5 години е влезено во програмирање, така се води држава, една партија почнува, друга ќе продолжи, тоа е нормален начин.
„Вашата градоначалничка во Скопје, требаше да купи 250 еколошки автобуси, па БРТ, за да денеска нема ни БРТ, ни еколошки автобуси, гледаме дали Белград ќе ни даде. Не само да кажуваме дека планираме, три години видовме во Скопје како се планира, и како не се купуваат 250 автобуси, порача пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, на собраниската комисија за финансирање и буџет.