Македонија
Велес се збратими со полски Новоград

Ја продолжува традицијата на збратимување со земји-членки на Европската Унија
Полската општина Новоград е новиот град пријател на Општина Велес. На вчерашната седница советот донесе одлука за збратимување со овој град. Првите контакти на соработка со Новоград ги воспоставиле средното општинско училиште Коле Неделковски и едно тамошно средно училиште. „Нас како општина ни с епотребни контакти со земји членки на Европската Унија за да можеме да учествуваме и аплицираме во некои проекти кои во иднина ќе ги има бидејќи тој е град кој е член на ЕУ. Така минатата седница донесовме одлука да се збратимиме и со еден град од Грција сега имаме во план да се збратимиме со еден град од Полска кој има слични карактеристики како нашиот. Тоа може да ни биде само во корист“, рече Славчо Чадиев, претседател на советот на Општина Велес. На вчерашната седница беа презентирани и два извештаи за Вардарскиот плански регион. За кој се добиени два проекти. Едниот е за делницата на опфатот на Вардарскиот регион па се до Гевгелија, на која ќе функционираат и истурени 12 пунктови, солидно опремени. Нивната цел ќе биде да се привлече вниманитео и интересот на патниците и на тој начин да се развива транзитниот туризам. Овој проект ќе чини 14 милиони денари. Вториот проект се однесува на бреднирање на винските производи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД.
„Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе биле откриени банкноти и монети за колекционерски цели.
Против патникот е поведена соодветна постапка до надлежен суд. Апелираме дека сите патници имаат законска обврска да ги пријават вредносните предмети при влез и излез од државата“, велат од Царинската управа.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟢𝟧 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар изминатата недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.09. до 14.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 105 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во Трубарево, додека министерот за животна средина, Изет Меџити, остана невидлив и неодговорен пред кризата“, велат од ДУИ
„Во моментите кога Скопје беше обвиено со токсични облаци, со мирис на изгорена пластика, гуми и батерии, граѓаните очекуваа информации, препораки и апел за заштита. Но, Меџити не излезе пред јавноста, не презеде мерки, не понуди решение. За него, поважно беше да се појави на партиски активности, како ништо да не се случило.
Парадоксално е што токму Министерството што тој го води е тоа што издава дозволи и има обврска да ги контролира ваквите објекти. Но, Меџити, наместо да преземе одговорност, се крие зад празни оправдувања и се обидува да измисли дежурни виновници во ДУИ.
Наместо да измислуваат внатрешни и надворешни непријатели, оваа Влада и Меџити треба да се соочат со својата одговорност, да ги расчистат случаите на палење пожари и да ја лоцираат одговорноста таму каде што навистина припаѓа – дури и ако тоа е нивната неспособност. Клеветите и неоснованите обвинувања нема да ги спасат од неуспехот.
Ова не е прв пат. Две децении во Чаир тој остави зад себе урбан хаос, загадување и негрижа, се сеќаваше на граѓаните само пред избори. Денес, истиот модел на неодговорност се повторува на државно ниво.
Јавно прашуваме: кој ги подметна пожарите во Битола, Кавадарци, Штип и во други градови низ државата? Зарем и таму виновна е ДУИ? Или тоа е едноставно стилот на Меџити – да бега од одговорност и да мисли само на својот личен интерес“, прашуваат од ДУИ преку писмено соопштение.