Свет
Едно лице загина во две експлозии во Тбилиси
Една лице загина во експлозија која се случила рано наутро во неделата во центарот на грусиската рпестолнина, во близина на седиштето на опозициската Лабуристичка партија , додека во другиот дел на градот набрзо потоа се случила втората експлозија во која нема жртви, соопштила локалната полиција
Првата експлозија во која настрадала жена која спиела во близина на зградата, се случила околу три часот, додека другата се случила половина час подоцна, јавува Ројтерс.Грузиското министерство за внатрешни работи соопштило дека истрагата е во тек. Лабуристичката партија, која има шест од 15 места во парламентот, за нападот ја обвини владата.Во четвртокот во главниот град на Грузија, десетици илјади приврзаници протестираа против претседателот Михаил Саакашвили, когој го обвинуваат за корупција и контрола на медиумите.Противниците на Саакашвили бараат тој да поднесе оставка заради петдневниот конфликт со Русија од август 2008 година околу отцепената грузиска покраина на Јужна Осетија во Јужен Кафказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Авганистанец со нож нападнал група деца од градинка во парк: требало порано да биде депортиран од Германија
28-годишен Авганистанец нападнал група деца од градинка во парк во Ашафенбург, Баварија. Нападот го извршил со нож, а убил двегодишно момче од Мароко и 41-годишен маж кои му се спротивставиле. Тој ранил двегодишно девојче од Сирија во вратот и случаен минувач (61) во градите. Воспитувачката паднала додека трчала и си ја скршила раката. Повредените не се во животна опасност, пишуваат германските медиуми.
Властите велат дека напаѓачот дошол во Германија во ноември 2022 година и не добил азил и требало да биде депортиран. Во декември и самиот кажaл дека ќе ја напушти Германија, но останал. Тој и претходно и бил познат на полицијата за најмалку три случаи на насилство, а потоа бил упатен на лекување, пренесуваат тамошните медиуми.
Канцеларот Олаф Шолц го коментираше нападот, велејќи дека станува збор за „терористички чин“.
Регион
Маж влегол во училиште во Белград и се заканувал дека ќе ги убие вработените
Маж кој се претставил како родител на ученик, попладнето влегол во холот на основно училиште во Видиковац, заканувајќи им се на вработените дека ќе ги убие, по што дошла полициска патрола и го однела, пренесуваат медиумите во соседството.
Родителите на учениците од тоа училиште добиле порака на заедничката вибер група од директорката на училиштето.
„Денеска околу 15 часот во училишниот хол влезе маж кој се претстави како родител на наш ученик, но не кажа кој, и се закани дека сите ќе не убие. Училишната полицајка набрзина интервенирала, по што дошла полициска патрола и го однела“, наведува директорката во известувањето до родителите кое било препратено до Н1.
По таа ситуација, таа информира дека утре главниот влез во училиштето ќе биде заклучен и отклучен доколку има потреба.
Според Н1, мажот е приведен во полициската станица, а истрагата е во тек.
Инаку за утре во 18 часот е најавен собир за поддршка на наставниците од училиштето кои ја прекинаа работата, јавува „Данас“.
Свет
(Видео) Руски шпионски брод во британските води; Лондон му испрати порака на Путин: Ве гледаме
Кралската морнарица надгледува руски шпионски брод откако влегол во британските води претходно оваа недела, изјави министерот за одбрана пред пратениците. Џон Хили изјави дека бродот „Јантар“ се користи за собирање разузнавачки информации и мапирање на критичната подводна инфраструктура на ОК.
Како што пишува Би-Би-Си, тој овој инцидент го нарече „уште еден пример за растечка руска агресија“.
"We see you, we know what you're doing and we will not shy away from robust action to protect this country". @RoyalNavy vessels have been tracking a Russian spy ship in the English Channel just weeks after it was caught loitering over critical undersea infrastructure. pic.twitter.com/rqF4xuB4Yj
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) January 22, 2025
„Сакам и претседателот Путин да ја слушне оваа порака: Ве гледаме, знаеме што правите и нема да се двоумиме да преземеме решителна акција за да ја заштитиме оваа земја“, додаде тој.
Според Би-Би-Си, Русија го опишува „Јантар“ како океанографски истражувачки брод со кој управува Министерството за одбрана на земјата. Западните земји често го набљудуваат бродот додека работи во европските води и се сомневаат дека дел од неговата мисија е да мапира подводни кабли.
Тие исто така веруваат, според написите, дека Русија ги интензивира ваквите активности откако започна целосна инвазија на Украина. Покрај опремата за надзор, бродот може да користи и подводни дронови способни да стигнат до морското дно. Подводната инфраструктура е од суштинско значење за снабдување со енергија преку електрични кабли и гасоводи, додека повеќе од 95% од интернет сообраќајот се обезбедува и од подводни кабли, пренесува медиумот.
Хили рече дека „Јантар“ моментално се наоѓа во Северното Море, откако поминал низ британските води и бил откриен на 45 милји (72,4 километри) од британскиот брег во Ла Манш во понеделникот. „Во последните два дена Кралската морнарица распореди HMS Somerset и HMS Tyne да го надгледуваат овој брод секоја минута додека минува низ нашите води“, рече тој.
„Ги сменив правилата за ангажирање на Кралската морнарица за нашите воени бродови да можат повнимателно да го следат и надгледуваат „Јантар“. До сега бродот ги почитуваше меѓународните правила за навигација“.
Секретарот за одбрана рече дека тоа е втор пат во последните месеци бродот да навлезе во британските води, при што „Јантар“ исто така беше откриен „над критичната британска подводна инфраструктура“ во ноември, објави Би-Би-Си.
Додаде дека подморницата на Кралската морнарица е овластена да исплива во близина на „Јантар“ „само како одвраќање“ и „да стави јасно до знаење дека го следиме секој негов потег“. „Бродот потоа ги напушти британските води без дополнително задржување и отплови кон Медитеранот“, рече тој.
Хили истакна дека владата го зајакнува својот одговор на руските активности на море со сојузниците од НАТО. Тој изјави дека кралските воздухопловни сили ќе обезбедат авиони за набљудување за да се приклучат на мисијата на НАТО за заштита на критичната инфраструктура во Балтичкото Море.
Развојот доаѓа откако во декември беше оштетен подводниот кабел меѓу Естонија и Финска, а финската полиција истражува дали во инцидентот учествувал руски брод, пишува медиумот.