Свет
Криминални структури ја спречуваат полицијата да си ја врши работата
Само за десетина дена, во неколку одделни инциденти што се случија низ повеќе градови во земјава беа нападнати дваесетина и полесно повредени десетина полициски работници.
За само десетина дена во шест одделни инциденти дваесетина полицајци
Мотивите за напад на службените лица се различни, но големиот број инциденти наведува на заклучок дека полицијата се почесто е цел на напади
ЉУБИША СТАНКОВИЌ
Само за десетина дена, во неколку одделни инциденти што се случија низ повеќе градови во земјава беа нападнати дваесетина и полесно повредени десетина полициски работници. И покрај тоа што мотивите за инцидентите се различни, сепак, заедничко е тоа што зачестија атаците врз службените лица во време додека тие си ја вршат работата. Најновиот напад врз полицијата се случи завчера околу 22,30 часот, кога сообраќајна патрола сакала да запре автомобил поради сообраќаен прекршок, но од возилото излегол возачот кој се обидел физички да се пресмета со сообраќајците. Инцидентот, за среќа, завршил добро за полициската патрола, а возачот на „тикотоои бил приведен.
МВР не соопштува за сите напади врз полициските работници, но тие како да стануваат редовна и нормална појава. Официјалните информации говорат дека само изминативе десетина дена се случиле шест инциденти во кои биле нападнати полициски работници, но неофицијално се говори дека ваков вид инциденти се случуваат речиси секојдневно, односно напади врз полицајци се регистрираат во речиси сите полициски станици во земјава.
Несомнено, најголемо интересирање побудува инцидентот што се случи во неделата попладне кога полициска патрола која се движела по патот што води за Кондово била пресретната од петчлена група. Напаѓачите, откако добиле „засилувањееи, не само што физички се пресметале со полицајците, туку биле испукани и неколку куршуми од огнено оружје. Инцидентот се случил во неделата околу 15,30 часот во скопското село Свиларе. Петмина непознати и вооружени се испречиле пред службеното полициско возило коешто било без особени ознаки и со кое се превезувала патролата која била во цивилна облека. По извршеното пресретнување, следувале вербални закани упатени кон полицајците, а набргу потоа и до физичка пресметка. Во тепачката, како што дознаваме, подебелиот крај го извлекле напаѓачите за кои се верува дека се припадници на криминалната групација на кондовецот Агим Красниќи. Но, на нив на помош им притекнале уште неколкумина други кои, исто така, биле во цивилна облека и со оружје. За она што се случувало во Свиларе полицијата најпрво молчеше, а набргу потоа следуваше и официјална потврда.
-Точно е дека во неделата попладне, во реонот на Кондово, полициска патрола била спречена во извршувањето на своите редовни активности. Исто така, точно е дека патролата извршувала активности поврзани со пронаоѓање лица кои се бараат по потерница, -вели шефот на Кабинетот на министерот за внатрешни работи, Горан Павловски, и додава: Постојат индиции дека напаѓачите се дел од групата по која подолго време се трага. Што се однесува до пукањето, тоа, најверојатно, требало да претставува сигнал напаѓачите да се повлечат, дотолку повеќе што во пукотницата никој од патролата не бил повреден.
Павловски потврдува дека куршумите биле испукани од пиштол, но и најавува дека овој инцидент нема да ја поколеба полицијата да продолжи со извршување на своите активности во реонот на Кондово, како и тоа дека ќе продолжи потрагата по сите оние лица за кои постои полициска или судска потерница.
Од друга страна, пак, се шпекулира дека групата на Агим Красниќи, по активностите што ги презеде непосредно пред одржувањето на референдумот, во ноември лани, планирала мирно освојување на Кондово, откако, наводно, им било ветено дека ќе бидат оставени на мира. Релативниот мир на криминалните структури кои ги предводи Красниќи беше нарушен во првите денови на април годинава, кога од слобода беа лишени Гафур (60) и Рајмонда Малечка (35), жители на Тирана. Кај нив беше пронајдена видеокасета на која биле снимени вежбовните активности на групата на Красниќи, а беа пронајдени и повеќе десетици фотографии со иста содржина. Запленетиот материјал послужи во доказната постапка што се водеше против таткото и ќерката, кои беа осудени на по пет години затвор.
Се верува дека со апсењето на двајцата албански државјани им е нанесен голем удар како на Агим Красниќи, така и на сите оние што се блиски до него и неговата групација.
И покрај тоа што од МВР најавуваат дека потрагата по Агим Красниќи и неговите следбеници нема да запре по последниот инцидент, сепак, загрижуваат нападите кои во последно време се вршат врз припадници на Министерството за внатрешни работи. Така, само за една седмица во повеќе градови низ Македонија се случија инциденти во кои како жртви се јавуваат полицајци. Серијата напади беше започната со пукотницата што кон крајот на минатиот месец се случи во Дебар. Група провалници, кои беа откриени од полицијата, во обид да побегнат, отворија оган врз полициска патрола. Во престрелката тројца полицајци се здобија со повреди од огнено оружје, а како главен осомничен беше посочен Дилбер Каја од албанското село Ѓурица.
Само пред неколку дена, на влезот во Арачиново, кај бензинската пумпа „Давосси, полициска патрола при обид да исконтролира камион во којшто се превезувало огревно дрво, повторно беше нападната од лица чиј што идентитет и ден-денеска не е соопштен.
Во неделата спроти понеделникот во Тетово биле нападнати полицаец и неговата колешка во моментите кога се обидувале да спречат насилство врз жена. Насилникот повикал на помош свој познајник кој покрај тоа што одбил да се легитимира и што ги омаловажувал полицајците, и физички се нафрлил врз нив. Според тетовската полиција, во изминативе неколку месеци се регистрирани дваесетина случаи на омаловажување на службените работници и два случаја на одбивање наредба или попречување службени лица во извршување на службени работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

