Свет
Дрвокрадец вперил пиштол во полицајци
Дрвокрадец, завчера кај бензиската пумпа “Давос” на влезот од скопското село Арачиново им вперил пиштол на двајца полицајци кои се обиделе да го легитимираат, а потоа им избегал. Полицијата презема засилени мерки за негово пронаоѓање и фаќање како и за целосното расветлување на случајот.
ВООРУЖЕН ИНЦИДЕНТ НА ВЛЕЗОТ ОД СКОПСКОТО СЕЛО АРАЧИНОВО
Полициска патрола кај бензинската “Давос” сопрела камион полн со дрва, во кој покрај возачот биле уште две непознати лица, а кога на возачот му побарале возачка дозвола и документи за дрвата, тој почнал да се ра
Дрвокрадец, завчера кај бензиската пумпа “Давос” на влезот од скопското село Арачиново им вперил пиштол на двајца полицајци кои се обиделе да го легитимираат, а потоа им избегал. Полицијата презема засилени мерки за негово пронаоѓање и фаќање како и за целосното расветлување на случајот.
Како што информираа во полиција, инцидентот се случил околу 20 часот пред бензиската пумпа “Давос” кога полициска патрола сопрела камион полн со дрва, во кој покрај возачот биле уште две непознати лица. Тогаш еден од полицајците од возачот побарал да му даде возачка дозвола и документи за дрвата. Изреволтиран од полицајците кои си ја вршеле службата возачот на камионот почнал да се расправа и во еден момент го извадил пиштолот и го вперил во полицајците држејќи ги на нишан. Додека тие се расправале и се убедувале возачот да не пука, околу нивпочнале да се собираат минувачи. Кога бројот на насобраните се зголемил, возачот успеал да се пробие, се качил во камионот и со голема брзина избегал кон Арачиново. Тогаш полицијата со намера да го спречи бегството припукала, но никој не бил повреден.
За инцидентот биле известени и во полициската станица во Арачиново кои извршиле увид и трагаат по дрвокрадецот. (П.А.Л.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos

