Македонија
Македонија во ЕУ до 2018 година
Според европратеникот Ерик Мејер, мнозинството ве Европската унија смета дека треба да се отпочнат преговори со Македонија, но клучниот проблем останува спорот за името
Во подготовка на Извештајот за Република Макдонија кој Европскиот парламент ќе го рзгледуваа следната седмиц, учествувал и самито Ерик Мејер. Тој во петокот пред почнувањето на Форумот „европски културен дијалог“ изрази убедување дека мнозинството од европратениците ќе поддржат што побргу да почнат преговорите за приклучување на државата во Европската унија.„Македонија чека доволно долго од 2005 г., сега сме 2009 г. Преговорите треба да почнат што поскоро, но ќе треба време, до 2017 или 2018 г. за Македонија да стане дел од Евроспката унија. Во меѓувреме треба да се решат проблемите, особено со соседот Грција бидејќи секоја членка на ЕУ има право на вето и на блокада на приемот на нова земја, а тоа може да биде еден од проблемите за приклучување на Македонија во ЕУ“, изјави вчера известувачот на Европската комисија за Македонија, Мејер. Мејер одговораше и на новианрски прашања за спорот меѓу Хрватска и Словенија, во смисла на негова аналаогија со макеоднко-грчкиот спор, во контекст на отпочнувањето на преговорите. „Цо хрваатско-словенечкиот случај станува збор за тоа дека една членка на ЕУ поставува цена за приемот на соседна држава. Во тој дел може да се направи споредба, но во врска со прашањето за името веќе постои долгогодишно посредништво од ОН и нивниот претставник Метју Нимиц и не очекувам дека ЕУ ќе ја преземе таа улога. Треба да се комплетира процесот што го води Нимиц“, рече Мејер. Реалноста и за ЕУ и за НАТО, додаден Мејер, е тоа дека некоја земја може да се зачлени само ако со тоа се согласат постојните држави членки. И доколку тие имаат некоја причина да не го прифатат тоа, државата земјата ќе остане надвор од овие колкетивни иснтитуции.„Тоа е вистинскиот проблем што го имаате во овој момент. Тоа се однесува и во случај дури и кога земјата-кандидат ги исполнила сите услови за членство. Тоа е реалноста во овој момент’, потенцираше евроапрламентарецот Мејер. Ерик Мејер смета и декаимето не би било проблем и за самиот почеток на преговорите со ЕУ. Според него тоа нема да е пречка и за повеќето од европратениците и за повеќето земји-членки на ЕУ, но е проблем за Грција, а според него може да се очекува да ја следи и Кипар. Мејер посочува дека најверојатно овие држави ќе постават цврсти услови, а имаат право да стават вето на почетокот на преговорите, на отворањето поглавја во текот на преговарачкиот процес и на конечната одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?
„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.
Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.
Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.
Македонија
СДСМ за Груби: Режирана претстава на границата, фалеше само црвен килим
На граѓаните им веќе јасно и знаат сè. Разоткриенo е секое делче од договореното сценарио и политичките дилови со кои се урна правата држава. Режирана претстава на границата. Со наочари, насмевка, лисици. Фалеше уште црвен килим за Груби, велат од СДСМ преку соопштение.
„Смислено сценарио и пречек со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан.
Потоа крешендо со одредување куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ.
И на крај целосно разобличување.
Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.
Излезе директорот на затворот Шутка, го демантираше Обвинителството. Јавно рече дека ниту МВР ниту АНБ не се обратиле и не побарале мислење.
Нема подобра потврда од ова дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже.
Сè е договорено.
Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците
„Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни“, соопшти СДСМ.
„Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари за 74 тендери за трета, има пари за 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Нема пари за работниците, има само за луксузирање и криминални тендери.
Владата на Мицкоски постојано се задолжува, пари обезбедуваат врз грбот на народот ама за криминални тендери а не сакаат да обезбедат пари за плати за работниците.
Одбивањето на законот е директен удар врз животниот стандард на граѓаните и на над 200 илјади работници. Во услови кога синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, кога храната, струјата и основните трошоци растат од месец во месец, ВМРО-ОКГ ги изневери работниците.
СДСМ понуди реално и одржливо решение – со ребаланс на Буџетот и пренамена на пари од луксузи, како мебел, коли, авион, да се обезбедат пари за 600 евра плата, како што заслужуваат работниците.
СДСМ нема да се откаже. Ќе продолжиме да се бориме за поголеми плати, за работниците, за граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

