Македонија
Викиликс:Миловановиќ верувала дека Македонија ќе добие покана за НАТО
Нема изгледи дека Македонија следната година ќе ја добие поканата да ги почне преговорите за пристапување, иако лани во ноември доби кандидатски статус за Европската унија(ЕУ).
Нема изгледи дека Македонија следната година ќе ја добие поканата да ги почне преговорите за пристапување, иако лани во ноември доби кандидатски статус за Европската унија(ЕУ).Ова го пишува во депеша од 18 октомври 2006 година што тогашната американска амбасадорка Џилијан Миловановиќ ја испратила до Розмари, Ди Карло помошник – заменик државен секретар во Стејт департментот, пред нејзината посета на Скопје, објави Викиликс.„Владата ќе го добие извештајот за своето приближување кон ЕУ во ноември и веројатно тој извештај ќе забележи на сегашниот застој со ДУИ, слабите резултати во борбата со корупцијата и бавниот напредок во спроведувањето на судските реформи, како главни причини зошто преговорите нема да почнат следната година. Но, Македонија би можела да биде цврст кандидат за покана од НАТО на следниот самит за проширување. Владата се надева за позитивни критики на самитот во Рига, како признание за своите постигања и сигнал дека проширувањето на НАТО ќе биде тема на некој самит во 2008 година“, се вели во дописот.Во врска со проблемот со името, Миловановиќ вели дека новата влада, која положила заклетва само два месеци претходно, ја повторила двојната формула како основа за понатамошни разговори со Грција за спорот за името и изразила подготвеност на таа основа да ги продолжи преговорите под покровителство на ОН, водени од Метју Нимиц.„На Владата да и порачате дека мора да оствари широки консултации и создаде консензус со ДУИ и опозициските партии за клучните закони и за спроведувањето на реформите. Треба во пракса да ја докаже посветеноста на спроведувањето на Рамковниот договор, во блиски консултации со опозицијата и со ДУИ“, посочува Миловановиќ во депешата објавена од Викиликс. /крај/вкл/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

