Македонија
Зголемен сообраќај низ републикава
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално и без забрани, по суви и чисти коловози, соопштија од АМСМ.
Од 01.07 до 31.08. тешките товарни возила со повеќе од 7.5 тона вкупна маса, имаат забрана за движење секој петок од 15:00 – 24:00 часот и секоја сабота и недела од 07:00 – 24:00 часот. Ова ограничување не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и лесно расиплива стока.
Се препорачува внимателно возење поради постојана можност за појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите, кај патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово.
Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М -1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини задржувањата се минимални. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Оние возачи кои планираат да тргнат на подолг пат, тоа да го сторат по можност во раните утрински или доцните попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

