Македонија
Постапка за имотот на пратеникот и градоначалникот Бајрам
Антикирупциската комисија денеска поведе постапка за преиспитување на имотната состојба на пратеникот Амди Бајрам
Од Државната комисија за спречувањето на корупцијата велат дека покрај преиспитувањето на имотната состојба на пратеникто Амди Бајрам, ќе биде преииспитувана и имотната состојба на неговиот син Елвис Бајрам, актуелен градоначланик на скопската општона Шуто Оризари.Како што ни беше појаснето, постапката се презема заради сомневање во разликата на податоците наведени во анкетните листови на таткото и синот Бајрам, и фактичката состојба.Претседателот на Антикорупциска комисија, Илми Селами и додаде дека антикорупциска веќе има доставено барање до Управа за јавни приходи да се испита имотот на овие функционери. На денешната работна средба на Државната комисија за спречување на корупција со претставниците на институциите потписнички на Протоколот за превенција и репресија на корупција и судир на интереси беше заклучено дека бесправно стекнатиот имот на функционерите е голема слабост на институциите. Директорот на Царинска управа Ванчо Каргов нагласи дека веднаш треба да се одзема имотот кој што е стекнат нелегално. Во врска со нелегално стекнатиот имот, Селами смета дека Управата за јавни приходи треба да стори повеќе во зајакнување на капацитетите во тој оддел на испитување на имотната состојба се со цел тие постапки да завршат брзо и епилогот за нив да биде што побрз. „ Апсолутно секој именуван функционер и службено лице кој што во имотниот лист не доставил детална информација за имотот што го поседува, ние по автоматизам ќе покренеме испитување на имотот и имотната состојба. Ние за некои случаи проверуваме дополнително, од Катастар и МВР. Ако дојдеме до информација дека поседува имот, а не го ставил во анкетниот лист тогаш покренуваме испитување на имотна состојба и епилогот е 70 отсто данок на нелегално стекнатиот имот, конфискација и плус кривична пријава за функционерот“, посочи Селами.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

