Контакт

Македонија

Велешани плаќаат највисоки сметки за вода

Објавено пред

Граѓанската асоцијација „Магна карта“ застана во одбрана на граѓаните на Велес кои плаќаат највисоки сметки за вода во изминативе десет години.

dobivaj vesti na viber

Граѓанската асоцијација „Магна карта“ застана во одбрана на граѓаните на Велес кои плаќаат највисоки сметки за вода во изминативе десет години.За монополското работење на ЈКП „Дервен“ тие ја обвинуваат правната служба, која во овој период има поднесено 25 илјади тужби против потрошувачите или 3.700 тужби годишно, што значи дека една третина од корисниците биле тужени, покажа тримесечното истражување на правната служба на Асоцијацијата „Магна карта“.

И покрај високата цена на водата, јавното претпријатие и понатаму работи со загуба на вода од 40 проценти и не вложува во инфраструктурата, додека граѓаните сеуште пијат од застарена и штетна водоводна мрежа, велат од асоцијацијата. Поплаките за работата на јавното претпријатие се однесуваат и за читањето на водомерите. Во правната служба на асоцијацијата голем број на граѓани се пожалиле дека вработените на ЈКП „Дервен“ не им ги читаат водомерите туку паушално им ја пишуваат потрошената вода. „Во претпријатието има само десет луѓе, за град од 60 илјади жители, кои што ги читаат водомерите. И тие не си го читаат ни сопствениот правилник кои самите си го донеле. Нечитањето на водомерот е тешка дисциплинска повреда која што по сила на законот преставува престанок на работниот однос на тој инкасант,“ рече Димитар Апасиев, претседател на „Магна карта“.Од оваа асоцијација апелираат до граѓаните при замена на водомер, да не ги плаќаат испорачаните фактури, затоа што претпријатието имало обврска да обезбеди правилен уред за мерење на водата. /крај/со/ко.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Објавено пред

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка платформа „Независни заедно“.

dobivaj vesti na viber

Ивановска најави дека во кампањата ќе се фокусира на решенија, а не на лични напади. Таа истакна дека во Центар ги дели истите проблеми со граѓаните и дека правдата, интегритетот и одговорноста се вредности кои ќе ги применува во креирањето на политики.

„Мојата визија е Општина Центар да биде на граѓаните, а не на профитот. Досегашната состојба е резултат на многу корумпирани и лукративни политики кои го занемарија интересот на граѓаните. Мене не ме водат апетити за профит, јас ги вложувам моите интегритет и капацитет за да понудам решенија кои можат да бидат добри за живеење и да го вратат достоинствениот живот. Не барам моќ и функција, туку сакам моќта да им ја вратам на граѓаните“, рече Ивановска.

Во рамки на платформата „Независни заедно“ членуваат граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“. Платформата е во процес на собирање потписи за формирање политичка партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Над 40 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија за ранливите граѓани

Објавено пред

Преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен повик кои што можат да аплицираат оние семејства кои што ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека за таа цел се превидени повеќе од 40 милиони денари, одговарајќи на новинарско прашање дали владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани во покривање на трошоците за електрична енергија.

Мицкоски нагласи дека Македонија има најниска цена на електричната енергија, што не е случај со државите од соседството кои што имаат зголемување на цената на струја од 15, 20 па и 30 проценти.

„Но, она кое што исто така можам да го кажам во многу период на регулирање на електричната енергија откако е оваа Влада 14 месеци, ние немаме покачување на електричната енергија за домаќинствата што не е случај во околината.

Ако ги гледате другите држави ќе видите дека таму електричната енергија е покачена, 15,20 па во некои држави од соседството и 30 проценти. Така што и според Евростат и според сите параметри ние сме држава во Европа која што има најниска цена на струја за или една од двете, трите најниски цени за електрична енергија за домаќинствата.“, посочи премиерот Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Објавено пред

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

„Денеска решаваме уште еден горлив проблем во изградбата на автопатот Охрид-Кичево, а тоа е пуштањето во употреба на клучката Подмоље. Ова беше наследен проблем од минатото, бидејќи претходната власт делумно го работеше проектот погрешно, ја сруши клучката без решени имотно-правни односи и експропријации. Со формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ги решивме сите административни пречки и од денеска клучката е функционална, што значи побрз и побезбеден сообраќај за Струга и соседна Албанија кон Скопје“, изјави Николоски.

Тој посочи дека работите на автопатот се во забрзана динамика и дека се координираат на дневна основа со директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ и премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека се работи на стабилизирање на делниците со свлечишта, како што се околината на селото Ботун и просторот од тунелот кај Врбљани до Кичево, за целата траса да биде безбедна за возење.

„Се работи паралелно на сите критични точки, а очекуваме есенва да се завршат градежните и теренските работи на овие делници. Во исто време, со несмалена динамика се одвива изградбата на други автопатски делници – Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола. Во фаза на евалуација се и тендерите за Букојчани-Кичево и Г.П.Блаце-Скопје“, рече Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека оваа офанзива ќе резултира со завршување и заокружување на автопатската инфраструктура во Македонија, по повеќе од една деценија. Тој се заблагодари на компаниите, работниците, градоначалниците и пратениците од охридско-струшкиот регион, како и на граѓаните за трпението.

„Подобро е патот да се заврши и да биде функционален, отколку да остане незавршен и да биде споменик на едно време“, заклучи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет27 минути

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина, сугерирајќи дека Москва...

Топ1 час

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...

Македонија2 часа

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот...

Македонија2 часа

Откриена царинска измама со увоз на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги при контрола на 21 увоз на месо од увозник открија царинска измама...

Европа4 часа

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј...

Македонија6 часа

„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот...

Македонија8 часа

Активни два пожара на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...

Македонија8 часа

ДОМ: Катастрофално однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран, Владата ги заборави работниците

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на „катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран“. ДОМ...

Регион8 часа

Вучиќ: Тешка вечер за граѓаните на Србија, со некое чудо успеавме да го зачуваме мирот

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилство синоќа, во услови на бран нови антивладини протести, и рече дека...

Европа9 часа

(Видео) Украинците нападнаа рафинерија за нафта во Волгоград, избувна пожар

Во напад со дронови во текот на ноќта беше погодена рафинерија во рускиот град Волгоград, предизвикувајќи излевање на нафта и...

Свет9 часа

Откриено е што ѝ понуди Трамп на Украина во замена за прекин на огнот; Оптимизам во Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп им кажал на европските лидери и на украинскиот претседател дека САД се подготвени да обезбедат безбедносни...

Свет9 часа

Каде ќе се одржи самитот Трамп – Путин? Локацијата има големо историско значење

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин в петок ќе се одржи во Елмендорф-Ричардсон, воена база...

Регион9 часа

(Видео) Судир меѓу поддржувачите на СНС и граѓани во Нови Сад, маж извади пиштол

Во близина на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад, избувна судир меѓу поддржувачите на СНС и Александар Вучиќ...

Свет20 часа

Британски „Тајмс“: Новиот план на Трамп – Украина ќе ги зачува своите граници, но територијата ќе биде окупирана од Русите?

Русија и САД разговарале за израелската окупација на Западниот Брег како можен модел за завршување на војната во Украина, дознава...

Свет21 час

Трамп по разговорот со европските лидери и со Зеленски: Русија ќе се соочи со последици ако не се движи кон мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“. „Тој...

Европа23 часа

Зеленски не го промени својот став за територијалните отстапки

На прашањето дали го променил својот став за предавањето на источниот регион Донбас по денешните разговори, украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Европа23 часа

Што сакаа да постигнат европските лидери преку разговорот со Трамп?

Можноста, американскиот претседател Доналд Трамп самиот да седне со Владимир Путин, предизвика нервоза кај европските лидери. Иако Трамп јавно покажа...

Македонија24 часа

(Видео) Повторно излезе од контрола пожарот во Јасен

Состојбата со пожарот во ловиштето Јасен е променлива, и во моментот не е воспоставена контрола, информираше директорот на Дирекцијата за...

Македонија1 ден

Според очевидците пожарот кај Јасен бил разгорен од удар на гром, Мицкоски вели се прават натчовечки напори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување беше во ловиштето „Јасен“, каде што веќе...