Економија
Неизвесноста во преговорите за дефицитот во САД зема данок
Неизвеснота околу исходот од преговорите за зголемување на лимит за задолжување на Соединетите Американски држави (САД) веќе се одразува на сопствениците на бизниси кои чекаат на јасни знаци од владата
Неизвеснота околу исходот од преговорите за зголемување на лимит за задолжување на Соединетите Американски држави (САД) веќе се одразува на сопствениците на бизниси кои чекаат на јасни знаци од владатаДодека законодавците во САД расправаат за висината на националниот долг и разменуваат обвинувања за тоа кој е виновен за националната стапка на невработеност од 9,2%, многумина сопственици на бизниси сакаат да знаат дали економијата напредува, дали има реална причина да се верува на Вашингтон дека е безбедно да почнат да вработуваат работници и редица други прашања, известува Гласот на Америка.Во компанијата Карлос интериорс во Крофтон, Мериленд, сопственичката Кристина Урија гледа трошка надеж. Бизнисот пораснал за 15 отсто споредено со минатата година.Во 2008-ма, кога започна рецесијата, бизнисот на Урија опадна за 60 отсто. Како и многу други сопственици на мали бизниси, таа морала да донесе некои болни одлуки за да остане во игра.„Моравме да отпуштиме четворица вработени. Во вакви услови, компаниите стануваат помали и посурови. Се` што не е неопходно, отпаѓа“, вели Урија.Имало цели месеци кога во оваа компанија, што постои веќе 25 години, немало работа затоа што никој не доаѓал во нејзиниот дизајнерски центар. Бизнисот сега почнува да се опоравува, но Урија не е подготвена да вработува нови луѓе.„Владата во Вашингтон не ни дава вистински сигнали“, коментира таа.Урија смета дека реториката меѓу Белата куќа и Конгресот околу тоа како да се реши дефицитот и националниот долг само додава на конфузијата.Многу економисти се согласуваат дека на бизнисите им треба појасна слика за состојбата во која е економијата пред да почнат повторно да вработуваат.Ајман Ел Тарабишу, кој предава економија на Универзитетот Џорџ Вашингтон, вели: „Додека политичарите не се договорат и не се покаже какви се импликациите – бизнисите ќе чекаат“. Кристина Урија коментира дека искуството последните две години ја направило мошне внимателна. Дури и да почнам да вработувам, вели таа, најголем дел од вработените нема да бидат со полно работно време и со сите бенефиции. /крај/воа/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

