Свет
Син избодел татко со нож за Плеј стејшн

Италијанец кој се расправал со својот син заради Плеј стејшн стратешки игри, се нашол во болница во понеделникот откако син му му забодел нож во вратот, објави италијанската полиција
Фабрицио Р. се здобил со длабока исекотина на грлото откако неговиот 16-годишен син, Марио го нападнал по расправија заради PlayStation, фудбалската игра на FIFA 2009, пренесе Ројтерс. Полицијата рече дека расправијата настанала откако 46-годишниот татко му понудил на својот син совет за да ги подобри тактиките на игра, и потоа го изгаснал телевизорот поради реакцијата на синот. Земајќи нож од кујната, Марио го забодел својот татко во вратот и потоа се вратил да го исчисти оружјето во кујната, пред својата мајка. Мајката на Марио, Моника Б. изјавила за Italian daily Il Corriere della Sera, дека не знаела што се случува се’ додека нејзиниот маж не се струполил на земја.„Го видов Марио како се враќа во собата, тој беше смирен, отидо до лавабото и го забележав дека го мие ножот. Потоа маж ми влезе во собата со раката на вратот и прскаше крв насекаде,“ изјавила мајката за весникот.Тинејџерот се затворил во спалната по нападот и не се противел на апсењето, објави италијанската полиција. Играта му била подарена на Марио неколку дена претходно, како роденденски подарок. „Марио е опседнат. Секогаш игра на неговиот Плеј стејшн и затоа му ја купивме FIFA 2009 бидејќи не сакавме да игра насилни игри,“ рекла неговата мајка за Il Corriere.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Принцот Хари остана без телохранител, ја загуби правната битка и сега мора да плати речиси 2 милиони евра

Принцот Хари ја загубил правната битка за заштита при неговите идни посети на Велика Британија, која би била платена на сметка на британските даночни обврзници, објави весникот „Дејли мејл“.
Хари сега мора да плати вкупно околу 1,74 милиони евра судски трошоци.
Принцот тврдеше дека му била ускратена соодветна заштита откако се повлече од кралските должности, настан познат како „Мегзит“.
Неговите адвокати тврдеа дека неговиот живот е во опасност поради немањето соодветна заштита.
Принцот Хари го тужеше Министерството за внатрешни работи, кое одлучи да му даде пониско ниво на заштита додека е во Британија.
Одлуката дека на принцот не му е потребна заштита ја донело телото за заштита на кралското семејство, Равец, кое смета дека на принцот не му е потребна заштита како во периодот пред да ги напушти кралските должности.
Хари присуствуваше на сослушувањето, а сега се соочува со можност да поднесе жалба на новата пресуда до Врховниот суд на Обединетото Кралство.
Свет
Украинскиот парламент на 8 мај ќе гласа за ратификација на договорот за минерални суровини

Украинскиот парламент на 8 мај ќе одржи гласање за ратификација на договорот за рудно богатство потпишан со Соединетите држави на почетокот на оваа недела, изјави претставникот Јарослав Железниак.
На два од документите поврзани со договорот нема да им треба одобрување од парламентот.
Вашингтон и Киев во средата потпишаа договор со кој на САД ќе им се обезбеди повластен пристап до нови инвестиции во експлоатација на природните ресурси на Украина, како и финансирање на инвестиции во обновата на Украина.
Свет
Тимот на Трамп подготви опции за зголемен притисок врз Москва

Американските власти подготвија голем број опции за зголемување на економскиот притисок врз Русија, бидејќи Владимир Путин сè уште одбива да се согласи на прекин на огнот, според извори запознаени со ова прашање.
Извори кои разговараа за Блумберг забележуваат дека Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука и дека дипломатските напори се уште траат. Детали за можните мерки не се соопштени.
Киев и неговите сојузници веќе некое време ги повикуваат САД да го зголемат притисокот врз Москва, вклучително и проширување на санкциите за рускиот енергетски сектор и приходите од нафта, за да го принудат Путин да преговара.