Македонија
Разбојник се обидел да ограби менувачница, но се исплашил од пиштолот на газадата

Вооружен разбојник во понеделникот утрото упаднал во менувачницата „Емар-Лиме“, но набргу избегал откако и газдата на менувачницата извадил пиштол, соопшти МВР.
Вооружен разбојник во понеделникот утрото упаднал во менувачницата „Емар-Лиме“, но набргу избегал откако и газдата на менувачницата извадил пиштол, соопшти МВР.
Крадецот влегол во менувачницата во 9.15 часот на улица „Крсте Асенов“ во скопски Чаир и со сигнален пиштол во рацете почнал да му бара пари на газдата. Но и тој извадил пиштол и го репетирал кон него. Разбојникот пукал кон газдата, но и тој му возвратил.
Од страв разбојникот го фрлил пиштолот и почнал да бега. Полицијата изврши увид на лице место и трага по крадецот. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„СДС признаа дека незаконски следеле, но наместо извинување продолжуваат со лаги и манипулации да си креираат предизборна кампања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако СДС признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, наместо да се извинат продолжуваат да ги штитат нарачателите, извршителите и организаторите на незаконското следење на претседателот Мицкоски, на новинари и бизнисмени. Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски наместо да бидат повикани на одговорност, СДС и понатаму се труди со сите сили да ги заштити“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС продолжува да ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, СДС продолжува да шири лаги и манипулации во врска со случајот и на тој начин да креира валкана и лажна кампања против Мицкоски и власта.
ЈО да не ги штити структурите на СДС и ДУИ и да почне да работи на сите предмети и афери кои се објавуваат во јавноста, а не да ги прикрива и молчи и покрај сите докази како и да почне да делува по допрен глас.
ЈО наместо да молчи и соработува со СДС и ДУИ да се произнесе за случајот во спротивно е дел од политиканството и продолжение на незаконското работење, на криминалот и корупцијата.
Доколку ЈО и Коцевски не почнат да работат во интерес на правото и правдата и продолжат да бидат неми набљудувачи на процесите, треба да знаат дека тоа нема да трае долго и ќе сносат одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Шукова: Образованието е иднината, имаме план за финансиски стабилни училишта, мотивирани наставници и современи програми за учениците

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одржа трибина посветена на образованието, како еден од најважните приоритети за развој на Град Скопје и иднината на младите генерации. На трибината учествуваа потпретседателките на СДСМ, Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Кристина Костова и Ана Чупевска.
Потпретседателката Ана Чупевска потсети на досегашните резултати и вложувања во образованието и инфраструктурата.
„Како локална власт во периодот 2017–2021 ги реконструиравме сите 23 средни училишта во Град Скопје, поставивме 572 прочистувачи на воздух, обезбедивме бесплатен превоз за сите средношколци и воведовме образовни асистенти. Како централна власт, зголемивме плати на наставниците, укинавме екстерно тестирање и инвестиравме во дигитализација. Тоа е доказ дека СДСМ не само што ветува, туку и реализира“, рече Чупевска.
Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, ја претстави визијата за иднината на образованието во главниот град:
„Младите се срцето на нашиот град. Ако тие заминат затоа што не гледаат перспектива, сите планови остануваат само на хартија. Затоа ќе инвестираме во нови училишта, современи програми, дигитализација и лаборатории. Во мојот мандат ќе ставиме крај на незаконското назначување ВД директори, ќе воведеме модерни системи за греење и ќе ја вратиме професионалноста во образованието. Ниту едно дете нема да биде оставено настрана, ќе има поддршка за талентираните ученици, асистенти за ученици со посебни потреби и фондови за младински иницијативи. Скопје мора да стане град во кој младите сакаат да останат, да учат и да создаваат.“
Потпретседателката Кристина Костова порача дека со СДСМ и Каја Шукова ќе има одговорни, одржливи и паметни политики. „На овие избори мора да се обединиме против деструктивниот модел на ВМРО-ДПМНЕ. Каја Шукова е гаранција дека Скопје ќе добие градоначалничка која ќе го искористи целиот потенцијал на образовниот систем и наставниот кадар“, порача Костова.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.