Свет
Марлборо се прави од тутун што го берат деца
Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch, минатата седмица објави извештај за злоупотребата на децата како работна сила во кој е апострофиран случајот дека во Казахстан деца го обработуваат тутунот кој и’ се продава на компанијата „Филип Морис“
Набљудувачите на Human Rights Watch на 115 страници документирале дури 72 случаја од различни казахстански земјоделски стопанства на кои деца на возраст од само десет години го берат тутунот кој се продава на компанијата на најпознатиот бренд цигари. „Децата работат честопати и по 13 часови дневно, и тоа во ропски услови“, се нагласува во извештајот на организацијата. Овој извештај бил направен врз основа на извршени интервјуа со 68 лица кои работеле на тутуновите полиња во оваа средноазиска држава, кои се кооперанти на „Филип Морис“.Во ова истражување кое започнало в октомври минатата година кога претставници на Human Rights Watch контактирале со раководството на Philip Morris, и оттогаш задно дејствуваа на мерки против оваа практика. Меѓутоа организацијата во овој извештај нагласува дека во меѓувреме компанијата која од казахстанските фирми минатата година откупила 1.500 тони тутун, не го применувал тоа што било договорено. Според извештајот, ропскиот однос е особено изразен кај сезонските работници кои во Казахстан доаѓаат од соседните поранешни советски републики Киргистан и Узбекистан. Делумно, како што се наведува во извештајот на Human Rights Watch, тоа се случува и затоа што казахстанските власти не сфаќаат дека мора да ги штитат човековите права на имигрантите, дури и ако тие во земјата престојуваат илегално.Меѓу интервјуираните лица биле членови на шест семејства кои завршиле во ропство на приватни имоти во Казахстан. На пример, сопствениците ги плаќале дури на крајот од кампањата на тутуновите полиња, значи по осум или девет месеци, а за тоа време тие целосно биле зависни од сопствениот а во некои случаи дури биле присилувани и храната да ја купуваат од него. Во други случаи, пак, сопствениците им соопштувале дека илегалните сезонски работници им должат на газдите, па морале да работат уште една сезона за да им ги отплатат наводните долгови, а некогаш одработувале бесплатно за да ги отплатат измислените долгови ко посредниците кои им ја наоѓале работата во Казахстан. Според Human Rights Watch, според овие податоци, во овие случаи станува збор за недозволена трговија со луѓе, бидејќи на работниците им биле одземани и пасошите. Организацијата во дополнување на овој извештај го дава и мислењето на експертите за кои берењето тутун е најлошиот облик на искористување на децата како работна сила. Затоа што според медицинските мерење, берачите на тутун само во еден работен ден можат да бидат изложени на количество никотин кои се состои во 36 просечно силни цигари. Бидејќи никотинот од листовите на тутунот се апсорбира и преку кожата, кај работниците на тутуновите полиња секогаш постои опасност од заболување од ткн. болест на зелениот тутун, во минатото доста раширена и во Македонија, особено до 1930-те во Скопје, Прилепско, Велешко и Струмичко каде најмногу се одгледувал и обработувал тутунот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп објави фотографија на која пишува дека е претседател на Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, тврдејќи дека е 45-ти и 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, како и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година.

Соединетите Американски Држави започнаа воена операција во Венецуела на 3 јануари, при што ги заробија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за да им се суди пред суд во Њујорк по обвиненија за дрога и оружје.
Трамп изјави дека неговата администрација ќе управува со Венецуела и нејзините нафтени ресурси за време на преодниот период. Откако Мадуро беше уапсен, неговата потпретседателка Делси Родригез положи заклетва како привремена претседателка.
Трамп претходно предупреди дека Родригез би можела да „плати многу висока цена“ ако не соработува со Соединетите Американски Држави.
Свет
„Мета“ брише профили во Австралија: „Ги преземаме сите чекори за да се усогласиме со законот“
„Мета“ деактивираше повеќе од половина милион профили во Австралија како резултат на првата забрана во светот за социјални медиуми за лица под 16 години, објави компанијата денес.
„Мета“ соопшти дека затворила 544.052 профили за кои верува дека ги користеле лица под 16 години помеѓу 4 и 11 декември 2025 година. Ова вклучува 330.639 сметки на „Инстаграм“, 173.497 на „Фејсбук“ и 39.916 на социјалната мрежа „Тредс“.
Според новиот закон, кој стапи на сила на 10 декември, лицата под 16 години повеќе не смеат да имаат свои сметки на 10 главни платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги „Тикток“, „Снепчет“, „Редит“ и „Јутјуб“. На компаниите им е дадена една година да спроведат мерки за верификација на возраста, а прекршоците се соочуваат со високи казни до 49,5 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари).
„Мета“ рече дека континуираното почитување на законот ќе биде „повеќеслоен процес“ што ќе продолжи да се развива. „Иако нашите загрижености во врска со проверката на возраста преку интернет без индустриски стандард остануваат“, соопшти компанијата во блог пост. „Како што веќе наведовме, „Мета“ е посветена на исполнување на своите обврски за усогласеност и презема потребни чекори за да остане во согласност со законот“, додаде компанијата.
„Мета“ ја повика австралиската влада „конструктивно да се ангажира со индустријата за да се најде подобар пат напред, како што е охрабрување на целата индустрија да ја подигне летвата во обезбедувањето безбедни, пријателски настроени кон приватноста и соодветни на возраста онлајн искуства, наместо генерални забрани“.
Продавниците за апликации треба да бидат обврзани да ја потврдат возраста и да добијат родителска согласност пред децата дури и да можат да преземат апликација, велат од „Мета“.
„Ова е единствениот начин да се гарантира конзистентна заштита на младите луѓе низ целата индустрија, без оглед на тоа кои апликации ги користат, и да се избегне ефектот на задоцнување од новите апликации на кои тинејџерите ќе мигрираат за да го заобиколат законот за забрана на социјалните медиуми“, предупреди „Мета“.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.

